Barbecue пилешко
Ова BBQ пилешко е буквално спас и можам да го јадам секоја недела. Стои сочно и вкусно 3 дена и можете да го комбинирате во повеќе различни оброци со ориз, тортиља, леб, салата.
Подготовка10 minutes mins
Готвење25 minutes mins
Вкупно време35 minutes mins
- 500 г пилешки стек
- сол и лук во прав
- 1/2 чаша вода може и повеќе
- 100 г барбекју сос (може и помалку/повеќе во зависност од која фирма користите)
- 1 лажица маслиново масло
Во нелепливо тенџере или поголемо тавче загреано на средна температура ставете ги пилешките стекови заедно со маслиновото масло.
Ставете сол и други зачини по желба и кога ќе добијат боја ставете вода и покријте го тенџерето со капак. Вака ќе може стекот да се вари поспоро и да биде сочен.
Кога ќе испари водата видете дали е зготвено и меко пилешкото, по потреба додадете уште малку вода.
Исцепкајте ги стековите со вилушка или исецкајте ги за побрзо. Јас овојпат ги исеков, иако малку повеќе ми се свиѓаат исцепкани.
Вратете ги стековите во тенџере. Ставете BBQ сос и барем 2-3 лажици вода. Ако е појак сосот може и повеќе.
Оставете да се крчка 5-10 минути за стекот да добие убав вкус. Промешувајте за да не загори.