Barbeque пилешко

5K

Ова bbq пилешко е сочно, превкусно, совршено за meal prep и најдобро од се, може да се комбинира во многу различни оброци. Се подготвува брзо и лесно и стои свежо до 3 дена, единствено треба да го загреете малку во микробранова или на плоча.

Денес со вас споделувам 3 оброци кои ги подготвувам постојано со ова bbq пилешко. За сите ви требаат помалку од 10-15 минути што значи имате здрава вечера за многу кратко и без многу труд.

BBQ сендвич

Еден од омилените начини да го искористам bbq пилешкото месо е во ваков сендвич. Ставаме од пилешкото на свежо лепче, врз него ставаме кашкавал и го ставаме во рерна да се потпече кашкавалот. Потоа додаваме свежа салата и дресинг по желба. Состојки што ви требаат:

  • bbq пилешко
  • лепче
  • кашкавал
  • патлиџан и свежа салата
  • sweet chili сос или друг дресинг по желба
sandwich
Оброк со ориз и bbq пилешко

Комплетен и балансиран оброк. Во него има долгозрнест ориз, исечена и испечена бабура, свежа салата, bbq пилешко, авокадо, пченка/грав од козерва и секако мојот омилен sweet chili сос. Ова ми е навистина во топ 5 оброци и е на нашето мени скоро секоја недела.

rice and chicken

Такоси со bbq пилешко

Потпечете ги тортиљите, ставете загреано bbq пилешко, свежа салата, пченка од конзерва и sweet chili сос или дресинг со јогурт и буквално имате комплетен оброк за 5 минути.

bbq chicken

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Barbecue пилешко

Ова BBQ пилешко е буквално спас и можам да го јадам секоја недела. Стои сочно и вкусно 3 дена и можете да го комбинирате во повеќе различни оброци со ориз, тортиља, леб, салата. 
Подготовка10 minutes
Готвење25 minutes
Вкупно време35 minutes
4 порции

Состојки

  • 500 г пилешки стек
  • сол и лук во прав
  • 1/2 чаша вода може и повеќе
  • 100 г барбекју сос (може и помалку/повеќе во зависност од која фирма користите)
  • 1 лажица маслиново масло

Инструкции

  • Во нелепливо тенџере или поголемо тавче загреано на средна температура ставете ги пилешките стекови заедно со маслиновото масло.
  • Ставете сол и други зачини по желба и кога ќе добијат боја ставете вода и покријте го тенџерето со капак. Вака ќе може стекот да се вари поспоро и да биде сочен.
  • Кога ќе испари водата видете дали е зготвено и меко пилешкото, по потреба додадете уште малку вода.
  • Исцепкајте ги стековите со вилушка или исецкајте ги за побрзо. Јас овојпат ги исеков, иако малку повеќе ми се свиѓаат исцепкани.
  •  Вратете ги стековите во тенџере. Ставете BBQ сос и барем 2-3 лажици вода. Ако е појак сосот може и повеќе.
  • Оставете да се крчка 5-10 минути за стекот да добие убав вкус. Промешувајте за да не загори.
bbq

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close