Чоко-чери смути

914

Превкусен рецепт за чоко-чери смути направено со какао, банана, вишни и протеин. Ова смути е супер освежувачки доручек или ужина за секој период од годината. А, за повеќе да ве засити, само додајте повеќе овесни снегулки!

 

Секогаш имам замрзнати вишни во фрижидер и кога немам многу идеи што да си направам за јадење излегуваат овие превкусни рецепти. Чоко-чери комбинацијата ми е една од омилените, а во смути е скроз освежувачка.

Морам да признаам дека смути не ми е омилен оброк, особено во поладните месеци од годината, но кога се работи за ваква комбинација не можам да одбијам.

coko-ceri smuti
Неколку причини зашто не треба да ги забораваме вишните
  • Многу се поевтини од другите црвени овошја, а имаат неверојатен вкус.
  • Полни се со антиоксиданси и витамин Ц коишто знаеме дека ни се многу потребни.
  • Имаат антиинфламаторни ефекти и може да ни помогнат да спиеме подобро.
Состојки во чоко-чери смути

За овој рецепт ви требаат неколку едноставни состојки кои најверојатно веќе и ги имате дома или може да ги замените со некоја друга намирница.

  • Банана – ни треба една банана што ќе го згусне и ќе го заблажи смутито. Замрзната банана функционира најдобро и ни дава совршена текстура.
  • Замрзнати вишни – киселоста на вишните го прави целиот баланс во ова смути. Доколку немате секако може да користите микс замрзнато овошје.
  • Протеин – скроз опционален додаток, но го прави ова смути побалансирано и позаситувачко, а во исто време придонесува и за текстурата. Ако не користите протеин, заменете го со овесни снегулки.
  • Какао – квалитетно какао ни дава најдобар чоколаден вкус.
  • Путер од јатки – го користиме за да додадеме малку масти во ова смути
  • Млеко – за блендирање. Јас најчесто користам овесно или соино млеко, но може да користите било какво. Кравјо и соино ќе ни дадат повеќе протеин.
  • Овесни снегулки – богати со сложени јаглехидрати и диететски влакна. Во ова смути ги користитме за да го направиме позаситувачко.
  • Ванила екстракт – скроз опционално, но дава прекрасна арома на ова смути.
состојки чоко-чери смути
Опционални додатоци за ова смути
  • Чиа семе – супер додаток на здрави масти и диететски влакна. Уште еден начин како смутито да го направиме позаситувачко.
  • Грчки јогурт – доколку не користите протеин, грчкиот јогурт е супер начин да се додаде протеин, а и свежина на смутито.
  • Колаген – исто така супер замена за whey протеини и мојата препорака за лица со осетливи дигестивни системи.
Како да направите супер кремасто смути?
  • Користете замрзната банана – најдобра работа е замрзнување на бананите кога ќе презреат. Замрзнати банани на смутињата им даваат многу кремаста, густа текстура и ги прават поладни. Топло смути дефинитивно не е за мене.
  • Додадете повеќе течност – не се плашете да додадете повеќе течност за смутито да излезе покремасто.
  • Почнете да блендирате на помала јачина, па полека зголемете ја. Ова нема да има големо влијание кај јаки блендери, но кај послаби има ефект.
Други превкусни рецепти за смути што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Чоко-чери смути

Чоколадно смути со кисели ноти на вишна. Одлична ужинка или доручек за мали и големи.
Подготовка5 minutes
Вкупно време5 minutes
1 порција

Состојки

  • 1 банана поубаво замрзната
  • 1 доза протеин
  • 1 шака замрзнати вишни
  • 1 лажица какао
  • 1 лажичка путер од јатки
  • 200 мл млеко по избор
  • 25 г овесни снегулки опционално
  • 1 лажичка ванила екстракт опционално

Инструкции

  • Ги блендирате сите состојки заедно и уживате во вкусен и балансиран оброк.

Notes

  • Како замена за протеин може да користите плус овесни снегулки.
  • Може да користите и замрзната банана за покремаста текстура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close