Чоколадни “frozen yogurt” сладоледи

997

Чоколадни “frozen yogurt” сладоледи од 4 состојки 🍦.
Во топли денови сѐ што ми се јаде се некои свежи и ладни работи, a особено вакви сладоледчиња. Готови за 2 минути, од само 4 состојки и совршена ужинка за секого.
На вашите сладоледи може да им додадете било какви додатоци, овошје, колачиња, чоколадо, изборот е голем.

Овие сладоледи не се многу благи и се супер за ужина или лесен десерт. По желба може да им додадете парчиња чоколадо, овошје, скршени колачиња и слично.

Состојки во овие вегански овесни колачиња
  • Грчки јогурт – ги прави овие сладоледчиња протеински и им го дава тој frozen yogurt вкус.
  • Кокосово млеко – богато со масти и ги прави овие сладоледи кремасти.
  • Какао – богат чоколаден вкус добиваме со користење квалитетно какао.
  • Мед – во овој рецепт како засладувач користиме мед, но може да користите и друг течен засладувач.
cokoladni sladoledi
Неколку забелешки за правење здрави сладоледи
  • Оставете ги сладоледи да се одмрзнат 5-10 минути пред јадење.
  • Останатите сладоледи чувајте ги во затворен сад за да не примат вкус од фрижидерот.

Други превкусни десерти што можеби ќе ви се допаднат:

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Чоколадни frozen yogurt сладоледчиња

Готови за 2 минути, од само 4 состојки и совршена ужинка за секого. Овие чоколадни сладоледчиња се превкусни.
Подготовка5 minutes
Вкупно време5 minutes
6 сладоледчиња

Состојки

  • 300 г грчки јогурт
  • ½ конзерва кокосово млеко 200 мл
  • 2 полни лажици квалитетно какао 25-30 г
  • 4 полни лажици мед околу 80 г
  • чоколадо и додатоци по избор

Инструкции

  • Изблендирајте ги сите состојки и со смесата наполнете калапи за сладолед
  • Ставете ги да се замрзнат во фрижидер минимум 2 часа и декорирајте ги по желба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close