Овие 3 здрави сосови ги користам буквално за сѐ. Печен зеленчук, тофу, паста салати, нудли, сендвичи, салати. Не знам кога последен пат сум купила некој купечки сос освен bbq и сенф.
Кој од овие 3 сосови најмногу ти се свиѓа? Мене најчесто употребуван ми е сосот со грчки јогурт. Го користам за секакви салата, печено и крцкаво пилешко, врапови, сендвичи…
Здрав сос со грчки јогурт
Во овој сос има грчки јогурт, сенф, мед и зачини. Наместо грчкиот јогурт може да користите павлака и да ставите зачини по ваш избор. Овој здрав сос го користам како замена за сите сосови што се на база на мајонез. Нив најчесто ги има во салати како цезар, сендвичи, врапови.. Го обожавам и со печени и крцкави пилешки прсти. Обавезно пробајте.
Здрав сос со путер од кикирики
Ако сакате путер од кикирики, а не сте пробале ваков сос, сега е вистинско време. Преубаво оди со нудли и зеленчук, тофу, печен зеленчук и навистина е превкусна промена во вашите оброци.
Здрав сос со таан
Овој здрав сос со таан превкусно оди со фалафел (готовата смеса од ДМ е ВРВ), свежи паста салати, печен зеленчук и свеж зеленчук. Моја препорака е да го пробате со врап со фалафел и свеж зеленчук. Мх мх мх, сега ми се пријаде тоа.
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
3 здрави сосови
Состојки
Сос со грчки јогурт
- 150 г грчки јогурт
- 1 лажичка италијански зачини
- 1-2 лажици сенф
- 1-2 лажици мед
- прстохват куркума и лук во прав
Сос со путер од кикирики
- 100 г путер од кикирики
- 50-100 г топла вод
- 1 лажица сок од портокал
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица мед
Сос со таан
- 100 г таан
- 1 лажица мед
- 2-3 лажици лимонов сок
- 50 г топла вода може и повеќе
- сол и бибер
Инструкции
- Измешајте ги состојките за секој од сосовите.