Бисквит барчиња со путер од кикирики

9K

Дали сте тим Метро или  Албени? Мене лично, Албени секогаш ми биле омилени заради крцкавиот бисквит. Овие барчиња со путер од кикирики имаат баш таков бисквит и превкусен фил од путер од кикирики. Верувајте, ќе им се допаднат на сите. А, вие што не сте големи љубители на путер од кикирики, обавезно пробајте ги со некој путер од јатки.

Состојки во барчиња со путер од кикирики

Овие барчиња се направени со неколку состојки и се прават навистина прелесно. Единствената состојка којашто можеби ја немате дома е кокосовото брашно, но среќа сега го има во секоја втора продавница, а и онлајн. Ќе ви оставам линк. Потребно ви е:

  • Kокосово брашно – има специфична текстура и својства. Го прави бисквитот крцкав.
  • Мелени бадеми- или бадемово брашно. Го користиме во бисквитот како замена за брашно.
  • Кокосово масло– го користиме и во бисквитот и во филот, а една лажица и во глазурата.
  • Путер од кикирики – главната состојка на филот и состојката што ги прави овие барчиња супер кремасти
  • Мед – засладувач во рецептов. Може да користите и некој друг сличен засладувач.
  • Црно чоколадо – барчињата не се комплетни без чоколадо.
Како да ги подготвиш барчињата со путер од кикирики?

Најмногу сакам да правам некои поздрави верзии на купечки благи кои ги јадеме постојано. Буквално секогаш излегуваат многу многу вкусни. Овој пат тоа се барчиња кои најмногу ме потсеќаат на Албени, два слоја: крцкав бисквит и кремаст фил. Иако овој фил е дефинитивно со вкус на путер од кикирики.

Се прават прелесно. Почни прво со бисквитот. Загреј ја рерната и обложи го тавчето со хартија за печење. Измешај ги состојките за бисквитот и после убаво распореди ја смесата во тавчето. Печи околу 10-12 минути. Пази да не изгори, но треба да добие убава боја.

Додека се пече измешај ги сите состојки за филот во тенџерче на средна температура и потоа истури го филот врз бисквитот. Стави ги вака спремените барчиња да се ладат во фрижидер или замрзнувач. Кога ќе бидат стегнати, стопи го чоколадото заедно со 1 лажица масло. Јас го топам во микробранова.

На крај, покриј ги барчињата цели со чоколадо или само полиј ги со чоколадо.

Каде да најдам кокосово брашно?

Еве неколу линкови:

kokosovo brasno
barovi so puter od kikiriki

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Бисквит барчиња со путер од кикирики

Кремасти бисквит барчиња со путер од кикирики. Превкусни и поубави од нашите познати Албени.
Подготовка30 minutes
Готвење10 minutes
Вкупно време40 minutes
16 барчиња

Состојки

Бисквит

  • 100 г бадемово брашно или мелени бадеми
  • 40 г кокосово брашно
  • 70-80 г кокосово масло може да пробате и со путер
  • 1-2 лажици мед или сличен засладувач
  • 1 лажичка ванила екстракт

Фил

  • 220 г путер од кикирики или јатки
  • 60 г кокосово масло
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 4 лажици мед
  • прстохват сол

Глазура

  • 150-200 г црно чоколадо
  • 1 лажица кокосово масло

Инструкции

  • Загреј ја рерната на 180°С и обложи едно тавче 20х20цм или loaf pan со хартија за печење.
  • Измешај ги состојките за бисквитот и рамномерно распореди ја смесата рамномерно во тавчето. Печи околу 10 минути.
  • За тоа време измешај ги и стопи ги на средна температура состојките за филот. Кога ќе биде готов бисквитот, рамномерно распореди го и филот и стави го тавчето да се стегне во фрижидер.
  • Кога ќе бидат стегнати исечи барчиња и покриј ги со стопеното чоколадо. Чоколадото се топи заедно со 1 лажица кокосово масло.

Notes

Нутритивни вредности за 1 барче:
266 калории
Протеини - 6г
Масти - 22г
Јаглехидрати - 11г
barovi so puter od kikiriki

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close