Чоко карамел “overnight” овесна каша

9.8K

Оваа овесна каша со чоколадо и карамел е превкусна!Спремете си го утрешниот доручек за само 5 минути и наместо да купите некое пециво, веќе си имате готов вкусен и балансиран доручек што ќе ве држи сити со часови.

Состојки во overnight овесна каша

Има само неколку состојки и можете да си ставите секакви додатоци по ваш избор.

  • Овесни снегулки – се разбира главната состојка која ни дава сложени јаглехидрати и влакна.
  • Грчки јогурт- ја прави овесната каша супер кремаста и секако ни го дава потребниот протеин.
  • Путер од кикирики – со путер од кикирики и мед правиме “карамела”.
  • Чоколадо– да не го заборавиме чоколадото. Користиме сецкано, а секако и стопено за глазурата.
Како да ја подготвам овесната каша?

Само измешај ги состојките за овесната каша и потоа додади ги сите додатоци. Току едноставно.

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Чоко-карамел overnight овесна каша

Доручек што може да си го направите уште вечер и да ви биде спремен за утре.
Подготовка5 minutes
Време на ладење2 hours
Вкупно време2 hours 5 minutes
1 порција

Состојки

  • 50 г овесни снегулки
  • 1/2 чаша млеко
  • 150 г грчки јогурт
  • 10 г сецкано црно чоколадо
  • ванила екстракт по желба
  • 1/3 банана

Карамел

  • 1 лажичка мед
  • 1 лажица путер од јатки

Чоколадна глазура

  • 10 г црно чоколадо
  • 1-2 лажици млеко

Инструкции

  • Измешај ги состојките за овесната каша.
  • Во тегличка врз овесот стави ги измешаниот путер од јатки и медот.
  • Стопи го чоколадото заедно со млекото и стави го врз путерот од кикирики.

Notes

Нутритивни вредности
Калории - 594
Протеини - 30г
Масти - 22г
Јаглехидрати - 69г
овес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close