Салата со биено сирење

954

Свежа и превкусна салата со биено сирење која може да биде вашиот следен ручек или предјадење. Балансот на солено, благо, лутко, ја прават оваа салата уникатна, а потпечените ореви се можеби мојот омилен дел од оваа салата.

Салати обожавам, но морам да признаам дека не се застапени во моето неделно мени колку што би сакала. Оваа салата ми е една од омилените, малку работи може да се споредат со потпечено сирење. А, дресингот е направен со мед за да има убав баланс со соленото сирење. 

салата со биено сирење
Состојки потребни за салата со биено сирење

Овој оброк може да го сервирате како предјадење или да ви биде свеж ручек или вечера. Не содржи месо, но биеното сирење има доволно протеини и самиот оброк е со поголем волумен, така што ќе ве држи сити.  Да не заборавиме дека целиот оброк е готов за помалку од 15 минути.

За дресингот ви треба:
  • 2-3 лажици мед
  • 2 лажици маслиново масло
  • други зачини по избор
Останати состојки:
  • Биено сирење
  • Маслиново масло
  • Микс зелена салата
  • Рукола
  • Ореви
  • Јаболка
Прилагодете ја салатата со биено сирење за вашата исхрана
  • Направете ја веганска – биеното сирење заменете го со тофу или некое веганско сирење коешто може да се грилува, а медот заменете го со друг засладувач како јаворов сируп
  • Додадете јаглехидрати – збогатете ја со сварена киноа или кускус
  • Додадете протеини – тоа може да го направите со зготвено пилешко или тофу
Како да го подготвите биеното сирење?

Биеното сирење исечете го тенко бидејќи е доста солено. Потоа во нелепливо тавче загрејте го маслото и ставете ги парчињата да се потпечат по неколку минути од двете страни. Пазете да не загорат.

салата со биено сирење

Салата со биено сирење

Балансот на вкусови, соленото сирење, благиот дресинг, свежината на јаболката и горчината на руколата ја прават оваа салата посебна и една што мора да ја пробате.
Подготовка5 minutes
Готвење10 minutes
Вкупно време15 minutes
2 порции

Состојки

  • 5-6 тенки парчиња биено сирење
  • 1 лажичка масло
  • 100 г микс зелена салата
  • 50 г рукола
  • 2 шаки ореви околу 50 грами
  • 1 јаболко

Дресинг

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2-3 лажици мед

Инструкции

  • Го потпекувате биеното сирење на 1 лажичка масло на нелепливо тавче.
  • Потоа во истото тавче ги потпекувате оревите.
  • Го сечете јаболкото на тенки парчиња.
  • Ги мешате состојките за дресингот заедно.
  • Ги комбинирате сите состојки за салатата и оброкоте готов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close