Свинско филе и брокула во соја сос

1.1K

Сочно свинско филе и брокула во соја сос. Вечера готова за 15 минути и совршен оброк за meal prep. На овој оброк може да му додадете уште повеќе зеленчук, ориз или некој додаток по ваш избор. Верувајте дека ќе им се допадне на сите.

Сочно свинско филе и брокула во соја сос. Вечера готова за 15 минути и совршен оброк за meal prep. На овој оброк може да му додадете уште повеќе зеленчук, ориз или некој додаток по ваш избор. Верувајте дека ќе им се допадне на сите.

свинско филе и брокула во соја сос
Состојки потребни за свинско филе и брокула во соја сос

Не само што е овој оброк безглутенски и низок во јаглехидрати, туку и лесно се адаптира за палео исхрана, а и свинското месо може да се замени со било кое друго месо. Мене најмногу кај овој оброк ми се свиѓа тоа што состојките дури и после 1-2 дена имаат скоро идентичен вкус како првиот ден кога биле зготвени па затоа ова е и совршен избор за ручек за на работа. Да не заборавиме дека целиот оброк е готов за помалку од 30 минути.

За сосот ви треба:
  • Соја сос
  • Мед
  • Лук во прав или свеж лук
  • Ѓумбир во прав
  • Буковец
  • Сусам
Останати состојки:
  • Свинско филе (бифтек)
  • Свежа или одмрзната брокула
  • Коцка за супа
  • Топла вода
  • Маслиново масло
свинско филе и брокула во соја сос
Со што да го сервирате свинското филе во соја сос?

Овој оброк може да го сервирате со ориз, киноа, пире, па дури и само свежа салата. Мој совет, доколку планирате да ви биде оброк за повеќе од 1 ден или го носите на работа, тогаш пире не е најдобар и најбезбеден избор. А, ако навистина сте во брзање, тогаш оризот што се продава во ќесички е најлесен избор, но не толку економичен како обичниот ориз.

Како да ја подготвите брокулата?

Доколку користите замрзната брокула и имате микробранова печка, слободна ставете ја брокулата да се одмрзне во микробранова печка. Ако користите свежа брокула, можете само да ја исечете или ако сакате брокулата да е помека, можете да ја обарите малку или да ја зготвите во микробранова печка со малку вода.

Што ако немате брокула?

Не се секирајте, ова јадење е вкусно со многу различни додатоци и брокулата лесно можете да ја замените со:

  • Печурки
  • Боранија
  • Тенко исечени моркови
  • Грашок
свинско филе и брокула во соја сос

Свинско филе и брокула во соја сос

Вечера готова за 15 минути и совршен оброк за meal prep. На овој оброк може да му додадете уште повеќе зеленчук, ориз или некој додаток по ваш избор.
Подготовка10 minutes
Готвење20 minutes
Вкупно време30 minutes
3
Цена на состојките: 250 денари

Состојки

Состојки за сос

  • 4-5 лажици соја сос
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка лук во прав или свеж лук
  • 1 лажичка ѓумбир во прав или свеж ѓумбир
  • 1 лажичка буковец или чили
  • 1 лажица сусам

Останати состојки

  • 400 г свинско филе бифтек
  • 200-300 г брокула свежа или одмрзната
  • 1/2 коцка за супа
  • 1/2 чаша топла вода
  • 1 лажица маслиново масло

Инструкции

  • Исечете го филето на помали и потенки парчиња.
  • Ставете го свинското филе заедно со маслиновото масло да се пропржи во нелепливо тавче.
  • Растворете ја коцката за супа во топлата вода.
  • Кога свинското филе ќе добие боја, ставете ја водата со коцката за супа во него и оставете да се динста.
  • За тоа време, измешајте ги состојките за сосот и исечете ја брокулата.
  • Кога водата ќе испари, ставете го сосот во тавчето и по 1-2 минути додадете ја брокулата и оставете да се готви уште 2-3 минути.
  • Сервирајте со ориз или додаток по ваша желба.

Notes

  • Коцката за супа може да се замени со малку вегета или пак сол.
  • Ако сервирате со ориз, започнете да го готвите пред месото зашто му треба повеќе време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close