Чоко велигденски гнезда

9K

Чоко велигденски гнезда направени со кокос, корнфлекс, малку путер од јатки и се разбира, чоколадо. Готови се буквално за помалку од 10 минути и верувам дека ќе изгледаат преслатко на вашата велигденска трпеза.

Состојки во чоко велигденски гнезда

Во овие велигденски гнезда има само 5 состојки и дефинитивно може да експериментирате со ваши комбинации.

  • Kокос – го тостираме зашто се добива прекрасен вкус и крцкава текстура.
  • Корнфлекс- го кршиме на мали парчиња и добиваме крцкава текстура и изглед на гнезда.
  • Кокосово масло– користиме ептен малку кога го топиме чоколадото.
  • Путер од кикирики – ставив две лажици за да ја направам смесата покремаста, но може било каков крем или пак да пробате и без.
  • Чоколадо– ги спојува сите состојки и добиваме чоколадни велигденски гнезда.
Како да ги подготвам чоколадните велигденски гнезда?

Тостирај го кокосот во тавче на средна температура. Промешувај често зашто брзо гори. Искрши го корнфлексот на помали парчиња. Потоа, стопи го чоколадото со маслото и измешај ги сите состојки.

На хартија за печење направи 8-10 гнезда со помош на лажица, стави горе шарени бонбончиња и потоа стави ги да се стегнат во фрижидер.

Каде да најдам мини шарени јајца?

Дури и да не најдеш, ќе изгледаат слатко и со бони топ бонбончиња, но еве ги местата на коишто видов дека ги продаваат:

  • Рамстор маркети
  • La Noi
veligdenski gnezda
veligdenski gnezda

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Чоко велигденски гнезда

Вкусни чоко гнезда со кокос и корнфлекс што верувам дека ќе изгледаат преслатко на вашата велигденска трпеза.
Подготовка10 minutes
време за ладење30 minutes
Вкупно време40 minutes
8 поголеми гнезда

Состојки

  • 60 г кокос
  • 60 г корнфлекс
  • 150 г чоколадо
  • 1 лажица кокосово масло или путер
  • 2 полни лажици путер од јатки или некој крем
  • мини шарени јајца или бони топ

Инструкции

  • Тостирај го кокосот во тавче на средна температура. Мешај постојано зашто брзо гори.
  • Искрши го корнфлексот на помали парчиња и стопи го чоколадото заедно со маслото.
  • Измешај ги кокосот, корнфлексот и чоколадото. Додади околу 2 лажци путер од јатки или некој крем.
  • На хартија за печење со лажица направи 8-10 гнезденца и во средината стави бони топ бонбончиња или мини шарени јајца.
  • Стави ги да се стегнат во фрижидер минимум 30 минути.
veligdenski gnezda

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close