Сакате торта? Се надевам нема никој што не сака зашто печена овесна каша е буквално торта за доручек. Денешната комбинација е чоколадо и вишна (нема утка со ова), но вие може да додадете и друго овошје или пак јатки, екстра чоколадо.
Во оваа овесна каша имаме јајца, урда, овесни снегулки, па затоа е богата со протеини и со здрави масти коишто ќе ви обезбедат постојани нивоа на енергија во часовите после појадок. Исто така, се прави прелесно, само ги мешате состојките, а ако не сакате да чекате да се испече во рерна, може да ја направите и во микробранова.
Состојки во чоко-вишна печена овесна каша
- јајца – даваат волумен, структура на кашата и плус ја збогатуваат со протеин
- овесни снегулки – главната состојка и извор на сложени јаглехидрати
- урда – дава помека текстура и е богата со протеин
- млеко – да не заборавиме и на малку течност во смесата
- банана – ја користиме за блажина и за структурата на смесата
- какао, вишни, чоколадо – мора да ставиме и додатоци за повеќе вкус
Замена на состојки за чоко-вишна овесна каша
- Бананата може да ја замените со печена тиква или пак пире од јаболка
- како замена за овесни снегулки може да користите и овесно брашно
- додатоците може да ги направите целосно по ваш избор
Тука погледни го начинот на подготовка
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Чоко-вишна печена овесна каша
Состојки
- 100 г ситни овесни снегулки
- 100 г урда
- 1/4 чаша млеко 60г
- 2 јајца
- 1 банана
- 2 лажици путер од јатки
- 100 г вишни
- 20 г чоколадо
Инструкции
- Се загрева рерната на 180°С.
- Се мешаат сите состојки заедно и се пече 30-40 минути во зависност од тоа каков сад користите.
Notes
- Протеини: 25g
- Масти: 23g
- Јаглехидрати: 66g