Потребна ви е нова идеја за посен ручек готов за 5 минути? Оваа крем туна салата ќе им допадне дури и на скептиците за туна оброци и е супер опција за ручек за на работа.
За балансиран оброк којшто ќе ве држи сити со часови, комбинирајте ја оваа салата со тостирано интегрално лепче и по желба екстра зеленчук. Може дури и со тортиља за попрактичен оброк.
Состојки во крем туна салата
- туна – голема исцедена конзерва, јас користев туна во вода, но може било каква
- маслинки – супер додаток за крем салати
- кисели краставички и кромид – совршено се вклопувцаат со туната
- мајонез -light мајонез, и ни требаат само две лажици
- сенф – не се плашете, нема вкус на сенф, но дава убав шмек
- семки – мал крцкав додаток, кој е исто така нутритивно богат
Замена на состојки за крем туна салата
Состојките во оваа салата може целосно да бидат по ваш вкус. Додадете уште зеленчук, не ставајте кромид, додадете некој сос по ваша желба. Буквално може да бидете креативни и да направите превкусна салата.
Тука погледни го начинот на подготовка
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Крем туна салата
Состојки
- 1 голема конзерва туна исцедена
- 2 полни лажици light мајонез
- 1 лажичка сенф
- неколку сецкани маслинки
- 1-2 сецкани кисели краставички
- малку сецкан кромид опционално
- 1 лажица тостирани семки опционално
Инструкции
- Измешај ги сите состојки.