Времето на пости се наближува, а овие посни банана колачиња се совршени за тој период. Имаат само неколку состојки и се прават буквално за помалку од 10 минути. Бонус, ќе извалкате само еден сад.
Рецептов произлезе кога дома имавме презрели банани, а ништо друго за да се направат обични колачиња. Зачудувачки, овие колачиња излегоа превкусни и сите ги обожаваат. Ви требаат само: банани, овесни снегулки, масло, мелени бадеми, мед, прашок за пециво и сода бикарбона.
Тука погледни го видеото од рецептот:
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Посни банана колачиња
Готови за 5 минути и омилени на сите. Ако имате презрели банани обавезно пробајте ги.
Подготовка10 minutes mins
Готвење12 minutes mins
Вкупно време22 minutes mins
12 колачиња
Состојки
- 200 г испасирани банани 2 банани
- 150 г мелени овесни снегулки
- 50 г мелени бадеми или други јатки
- 100 г сецкано чоколадо
- 80 г масло околу 1/2 чаша
- 2-3 лажици мед или кафеав шеќер
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка прашок за пециво
Инструкции
- Загрејте ја рерната на 180°С.
- Измешајте ги прво влажните состојки па потоа додајте ги сувите.
- Со лажица направете 10-12 колачиња и печете ги 12-14 минути.
- Оставете ги да се оладат пред јадење. Кога се вадат од рерна се многу помеки и потоа се стврднуваат.