Овие колачиња со путер од кикирики и парчиња чоколадо ги правиме веќе неколку години и се тотален хит. Не само зашто се превкусни, туку и зашто се прават многу лесно. Не содржат млечни производи и се природно безглутенски доколку не користите бело брашно.
Доколку не сакате путер од кикирики можеби овој рецепт не е за вас, но затоа имам многу различни рецепти за поздрави колачиња коишто верувам дека ќе ви се допаднат. За овој рецепт ви требаат само: путер од кикирики, јајца, мелени бадеми, кафеав/кокосов шеќер, прашок за пециво и црно чоколадо.
Тука погледни го видеото од рецептот:
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Колачиња со путер од кикирики и парчиња чоколадо
Состојки
- 250 г путер од кикирики јас користам од КАМ МАРКЕТ
- 2 јајца
- 100 г бадемово брашно (мелени бадеми) или 90г бело брашно
- 100 г мек кафеав шеќер или кокосов шеќер
- 1 лажичка прашок за пециво
- 100 г сецкано црно чоколадо