Банана леб со портокал

3.6K

Едноставен банана леб со портокал за којшто ви треба само еден сад. Вкусот на портокал го дополнува овој банана леб совршено и може многу лесно да го адаптирате да биде безглутенски. Овој банана леб којшто ќе биде спремен за печење за помалку од 10 минути е супер балансирана ужина или десерт.

Презрелите банани кај нас дома никогаш не остануваат неискористени, па така омилена активност ми стана да смислувам најразлични вкусови на банана леб. А, добар банана леб е сочен, убаво нараснува, не е премногу благ и не можете да престанете да го јадете. Овој ги исполнува сите критериуми!

банана леб со портокал
Состојки потребни за банана леб од портокал

Кај скоро сите мои рецепти за банана леб ќе ги видите истите состојки и тоа не е случајност. Ако најдете состојки што одат добро заедно, нема потреба да менувате многу за да го добиете посакуваниот краен резултат.

Влажни состојки:
  • Грчки јогурт – му дава многу убава текстура на банана лебот и затоа го користам скоро секогаш
  • Мед – засладувач кој најчесто го користам за рецепти со ваква текстура 
  • Јајца – за овој рецепт ви требаат 3 јајца
  • Масло – можете да користите сончогледово, кокосово, маслиново, но кокосово и маслиново може да му дадат специфичен вкус
  • Сок од портокал – јас користев сок и кора од еден портокал, но за поинтензивен вкус на портокал може да ставите кора од 2-3 портокали
  • Банани – ви препорачувам да користите многу зрели банани, во спротивно банана лебот нема да биде благ
Суви состојки:
  • Овесно брашно – овесното брашно во вакви рецепти често дава многу влажна текстура и затоа не го користам исклучиво тоа, туку во комбинација со дрго брашно
  • Пченично брашно – универзално брашно скоро сите рецепти

банана леб со портокал
Тука погледни како да го направиш банана лебот со портокал
Замена на состојките за банана леб со портокал

Неколку од состојките за овој банана леб можете слободно да ги замените и да добиете многу сличен резултат. Грчкиот јогурт може да го замените со павлака, Пченичното брашно може да го замените со хељдино или интегрално, а=може да користите различни масла и медот може да го замените со друг засладувач.

Како да го подготвите банана лебот со портокал?

За овој банана леб потребен ви е само еден сад и тоа е уште една причина што толку ги сакам овие рецепти. Прво убаво ги мешате влажните состојки со маталка или рачен миксер и потоа постепено ги давате измешаните суви состојки. Смесата потоа ја истурате во сад кој е обложен со хартија за печење и банана лебот оди директно на печење.

Совети за банана леб што мислам дека ќе ви помогнат
  • Користете многу зрели банани за банана лебот што ќе го добиете да биде доволно благ
  • Користете нелеплив долгнавест сад кој ќе го обложите со хартија за печење за банана лебот да не се залепи.
  • Не претерувајте со мешање на смесата. Овој банана леб не содржи многу глутен и е доста влажен па затоа треба да се потрудиме да го задржиме воздухот од матените јајца и да ја зачуваме активноста на прашокот за пециво.
  • Додека се пече банана лебот не ја отварајте рерната и доколку ви изгледа дека не е готов, не го вадете од рерна за да не падне волуменот.
Други превкусни рецепти со банана

Банана леб со портокал

Подготовка10 minutes
Готвење50 minutes
Вкупно време1 hour

Состојки

Суви состојќи

  • Овесно брашно Овесното брашно во вакви рецепти често дава многу влажна текстура и затоа не го користам исклучиво тоа, туку во комбинација со дрго брашно
  • Банани Ви препорачувам да користите многу зрели банани, во спротивно банана лебот нема да биде благ

Влажни состојќи

  • Грчки јогурт Му дава многу убава текстура на банана лебот и затоа го користам скоро секогаш
  • Мед Засладувач кој најчесто го користам за рецепти со ваква текстура 
  • Јајца За овој рецепт ви требаат 3 јајца
  • Масло Можете да користите сончогледово, кокосово, маслиново, но кокосово и маслиново може да му дадат специфичен вкус
  • Сок од портокал Јас користев сок и кора од еден портокал, но за поинтензивен вкус на портокал може да ставите кора од 2-3 портокали

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Во длабок сад измешајте ги убаво влажните состојки.
    Грчки јогурт, Мед, Јајца, Масло, Сок од портокал
  • Потоа додадете ги сувите состојки и измешајте со шпатула.
    Овесно брашно, Банани
  • Префрлете ја смесата во долгнавесто тавче обложено со хартија за печење и ставете го банана лебот да се пече.
  • Печете го банана лебот 50-60 минути во зависност од јачината на вашата рерна и големината на садот.

Notes

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close