Тортата со моркови од Starbucks ми е една од омилените торти и оваа поздрава верзија на колач со моркови е многу блиску до таа торта. Сочен, ароматичен, не е премногу благ и секако има крцкави парчиња оревчиња. Мислам дека ми е совршен десерт за со кафе за секој ден.
Првиот план беше оваа торта да биде постирана за Велигден зашто вака со морковчињата е преслатка. Но, нормално имав еден стварно неуспешен обид и пропадднат рецепт. Во главно, мислам дека главната грешка ми беше ептен ситното рендање на морковите зашто сите други состојки беа супер, а беше и превкусна.
Состојки во колач со моркови
Состојките знам дека ќе им се допаднат на тие што јадат безглутенски. Овојколач е базиран на бадемово и кокосово брашно и затоа има прекрасна текстура. Прво, еве што ќе ви треба:
- Рендани моркови: ќе ви требаат 2-3 изрендани моркови, измерете тоа да бидат 100г.
- Мелени бадеми: јас користев готови измелени од Лидл, но може и сами да измелете.
- Јајца: 3 средни јајца за да ја држат смесата заедно.
- Млеко: користев овесно млеко, но може да користите било какво. Ни треба многу малку.
- Кокосово брашно – ја апсорбира влажноста и дава убава текстура.
- Мед: главен засладувач во овој рецепт.
- Кокосово масло: ни треба само 50г кокосово масло за да се спои подобро смесата.
- Прашок за пециво: да му помогнеме на овој колач малку да нарасне.
- Цимет: без цимет колачот со моркови не е комплетен.
- Кокос: ставив само2 лажици, но може и да не ставате. Колачот ќе биде за нијанса повлажен.
- Вкусни додатоци: јас ставив сецкани ореви и суво грозје.
- Фил со крем сирење: превкусен фил направен од крем сирење, грчки јогурт и прав шеќер. Дефинитивно направете го заедно со колачот.
Замена на состојки во колач со моркови
Еве неколку замени со состојки што можам да ги препорачам за овесни мафини со моркови.
- Заменете го путерот од јатки: ако немате или не сакате путер од јатки користете таан.
- Заменете го маслото: Ако немате кокосово масло, користете путер.
- Користете било какво млеко: Јас секогаш го користам тоа што го имам.
Како да го направам колачот со моркови?
Најдобриот дел е што овој колач се прави прелесно.
Подгответе ја тавата: Загрејте ја рерната и обложете ја тавата со хартија за печење ако мислите дека се лепи.
Промешајте ги сувите состојки: Во еден сад измешајте ги сите суви состојки.
Измешајте ги влажните состојки: Изматете ги јајцата, медот, ванилата, путерот од јатки и на крај полека додадете го маслото па морковите.
Комбинирајте ги двете смеси: Комбинирајте ги влажните и сувите состојки па додадете ги додатоците по желба.
Печење: Рамномерно распоредете ја смесата во тавче и печете околу 40 минути.
Правење фил: Кога ќе биде испечен колачот почекајте целосно да се олади. Измешајте ги состојките за филот и филувајте
Тука погледни го начинот на подготовка
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Колач со моркови (керот кејк)
Состојки
Суви состојки
- 150 г мелени бадеми јас користев готови од лидл
- 50 г кокосово брашно
- 2 лажици кокос опционално
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажица цимет
- 2 шаки сецкани ореви опционално
Влажни состојки
- 3 јајца јас користев средни
- 180 г мед
- 1 лажичка ванила
- 50 г путер од јатки
- 50 г млеко по избор
- 50 г стопено кокосово масло на собна температура
- 350 г средно рендани моркови
- 1 шака суво грозје опционално
Фил од крем сирење
- 300 г крем сирење
- 100 г грчки јогурт
- 1 лажичка ванила екстракт
- 100 г прав шеќер
Инструкции
- Загреј ја рерната на 180°С и обложи го тавчето со хартија за печење.
- Измешај ги сувите состојки во еден сад.
- Во друг сад измешај ги влажните состојки. На крај додадете го кокосовото масло (кое треба да биде на собна температура), а потоа морковите.
- Додадете ги сувите состојки и измешајте со шпатула. Смесата ќе биде погуста. На крај, по желба додадете суво грозје и сецкани ореви.
- Ставете ја смесата во тавче и печете околу 40 минути. Додека се лади измешајги состојките за филот.
- Почекај да се олади целосно па филувај ја. Украси по желба.