Кускус со печен зеленчук и наут

9K

Превкусен посен ручек со кускус, печен зеленчук и свежа салата. Комплетиран со дресинг од хумус. Спремен за помалку од 10 минути и потоа треба да почекате само да се испече. Верувам дека ќе ви се допадне. Мене ваквите ручеците ми се едни од омилените.

Состојки во кускус со печен зеленчук и наут

Состојките се супер флексибилни и овој оброк може целосно да го адаптирате со состојки што ви се свиѓаат и тоа што имате дома.

  • Благ компир – јас го обожавам и ми е една од омилените состојки за вакви “салатки”.
  • Цвекло- може да го замените и со тиквичка/брокула ако не го сакате вкусот на цвеклото.
  • Наут– го печеме заедно со зеленчукот и станува баш крцкав. Не заборавајте да го зачините убаво.
  • Кускус– го прави оброкот позаситувачки и го комплетира јадењето.
  • Свежа салата– супер начин да се внесе и малку свеж зеленчук.
  • Дресинг од хумус – дресингот е целосно по ваш избор. Може да ставите и балсамико или некој дресинг на база на авокадо/павлака. Јас имав вишок наут и направив брзински хумус којшто беше поразреден со вода. Супер ми се вклопи во оброков.
Како да го подготвам овој оброк со кускус и печен зеленчук?

Загреј ја рерната и спреми едно големо тавче за печење. Исецкај го зеленчукот. Не заборавај цвеклото да го исечеш на помали парчиња, а кромидот на поголеми. На цвеклото му треба повеќе време да се испече. Исцеди го наутот.

Зеленчукот стави го на едната половина на тавчето, а наутот на другата. Печи ги околу 30 минути. Додека се пече спреми си дресинг и зготви го кускусот според инструкциите. Кога ќе биде готов зеленчукот, измешај ги сите состојки.

kuskus so pecen zelencuk

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Кускус со печен зеленчук и наут

Посен и превкусен ручек. Комбинација на сладок компир, крцкав наут, свежа салата и дресинг од хумус.
Подготовка10 minutes
Готвење30 minutes
Вкупно време40 minutes
2 порции

Состојки

  • 1 поголем благ компир или 2 помали
  • 1 конзерва наут
  • 1/2 цвекло или тиквичка
  • 1/2 црвен кромид
  • свежа салата рукола, беби спанаќ
  • 1 лажица маслиново масло
  • 50-80 г кускус
  • зачини (сол, бибер, лук во прав, чаден црвен пипер)
  • дресинг од хумус разреден со вода плус екстра зачини
  • сирење или пропржено тофу за екстра протеин опционално

Инструкции

  • Загреј ја рерната на 200°С.
  • Исецкај го благиот компир, кромидот и цвеклото. Цвеклотот исецкај го на помали парчиња зашто се пече поспоро. Кромидот на поголеми парчиња.
  • Исцеди го наутот. Стави го зеленчукот на една половина од големо тавче за печење, а наутот на другата половина. Зачини и стави малку маслиново.
  • Стави ги да се печат околу 30 минути. За тоа време припреми го дресингот и кускусот според инструкциите. Додади други додатоци по твоја желба.
  • Измешај ги сите состојки и ако не постиш додади сирење.
kuskus so pecen zelencuk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close