Њоки со сладок компир

3.2K

Дали знаете колку е лесно да направите домашни њоки со сладок компир? Ви требаат само 4 состојки: печен благ компир, урда, јајце, брашно  и околу половина час. Њоките овој пат ги комбинирав со сос од путер и крцкави печурки. Беа навистина превкусни.

Поминаа повеќе од 2 години од последниот пат кога правев њоки. И не знам зашто одбрав баш овој ден да правам њоки. Дома немавме вода, за саат време требаше да одам на аеродром, а јас уште ја немав ни спакувано опремата со којашто снимам. Среќа излегоа превкусни, па не одев накај аеродром цела со брашно и со незавршен рецепт. Садовите што ги оставив беа друга работа. Не мора да зборуваме за тоа 😂

noki od sladok kompir
Состојки во њоки со сладок компир
  • Сладок компир – ни требаат 2 средни слатки компири коишто прво треба да се испечат. Јас ги печам во рерна, најчесто еден ден порано додека правам друго јадење. Така правењето на њоките е многу побрзо.
  • Урда -сакам да додавам урда во њоките зашто им дава поубава текстура и плус ја зголемува количината на протеин.
  • Јајце – ни треба 1 јајце за спојување на сите состојки.
  • Брашно – обично пченично брашно или може да пробате да ги направите и со некое друго. Јас немам пробано.
  • За сосот – ни требаат печурки, маслиново масло, путер, сол и лук во прав. Толку едноставно, но превкусно.

 

Како да го зготвам слаткиот компир?

Прво, загреј ја рерната на 200 степени. Измиј ги убаво компирите и избоцкај ги со вилушка. Обложи го тавчето со хартија за печење, стави ги компирите и готви ги додека не омекнат целосно. Вилушката лесно ќе поминува низ лушпата. Тоа е околу 45 минути до 1 час.

Убавината во њоките е тоа што навистина не мора да се замарате со месење, оформување. Дури и секое парче да е различно нема многу да се познава. Само гледајте големината да им е слична за да се зготват во исто време.

noki so sladok kompir
noki so sladok kompir
Како да направам крцкави печурки?

Овој трик за готвење на печурки го видов кај Теа и сега сум опседната. Исечете ги печурките. Загрејте нелепливо тавче на средна температура, ставетеги печурките и така гответе ги со повремено мешање се додека не им испари водата. Кога ќе им испари водата, додавам многу малку масло, сол и лук во прав. Ги готвам така 2-3 минути и потоа за да направам сос ставам неколку лажици путер и готвам 4-5 минути или по потреба повеќе за печурките да станат супер крцкави.

Замена на состојки за њоки со сладок компир
  • За овој рецепт слаткиот компир може да го замените со обичен компир или пак со тиква. Ако користите тиква можеби ќе ви треба малку повеќе брашно.
  • Урдата може да ја замените со рикота и нема да има никаква разлика во рецептот.
njoki so sladok kompir

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close