Палачинки со јаболка

2K

Превкусни и сочни палачинки со јаболка направени од овесни снегулки, урда, јаболка и многу цимет. Овој доручек со јаболка е совршен за овој период од годината. Прекрасен вкус, а во исто време балансиран, со доволно протеини, масти и сложени јаглехидрати што ќе не држат сити до ручекот.

Есенските рецепти ми се омилени и имам неколку што ги правам одново и одново. Купувам по цели вреќички јаболка секоја недела и постојано правам нешто со нив. А, дефинитивно никој не се жали кога работите се волку вкусни. Сите мои рецепти за палачинки се многу слични и со едноставни состојки. Не експериментирам премногу зашто знам дека овие комбинации на состојки не само што даваат прекрасен вкус, туку и многу убава текстура.

палачинки со јаболка
Состојки во палачинки со тиква
  • Овесни снегулки – ни даваат сложени јаглехидрати и се замена за брашно во овој рецепт за палачинки
  • Јајца – за овој рецепт ви требаат 4 јајца. Тие се извор на протеини и масти. Немам пробано да ги заменам јајцата со веганска варијанта, но може да пробате.
  • Мед – користиме малку засладувач, но може да ставите и после готвењето.
  • Јаболка – користев рендани јаболки и пола ги ставив во смесата што се блендираше, а пола ги измешав отпосле.
  • Урда – супер додаток за палачинки. Богата е со протеини и масти и дава убава текстура. Во видеото подоле користам cottage сирење и исто излегуваат прекрасни.
  • Ореви – оваа состојка е скроз опционална, но оревите совршено се вклопуваат со овие вкусови.
  • Цимет – задолжителна состојка во есенските рецепти.
  • Прашок за пециво – ни помага палачинките да нараснат убаво.
  • Млеко – во овој рецепт користиме само по потреба за смесата убаво да се изблендира.
Едноставна припрема на палачинки со тиква
  1. Направи ја смесата: изблендирај ги сите состојки заедно и по потреба во блендирањето додади малку млеко по избор.
  2. Зготви ги палачинките: загреј нелепливотавче со малку масло или путер и смесата стави ја директно од блендерот. Гответе ги на едната страна додека не се направат балончиња и добијат убава боја па потоа свртете ги.
  3. Сервирај: стави ги твоите омилени додатоци како мед, путер од јатки, банана и слично и уживај во прекрасен доручек.
apple pancakes
Направи мини палачинки

Овој рецепт е супер за правење мини палачинки, особено за деца. Едноставно печете многу помала количина од смесата или ставете ја во шишенце со пумпица за полесно ставање.

Како да ги замрзнам овие палачинки

За да ги замрзнеш палачинките прво почекај да се оладат и меѓу секоја палачинка стави парче хартија за печење или фолија за да не залепат. Потоа палачинките стави ги во кесички или пластичен сад. Во замрзнувач може да траат до 3 месеци, а може да се одмрзнат во микробранова, тостер или па во тавче.

apple pancakes

Други превкусни рецепти за доручек што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Палачинки со јаболка

Сочни и превкусни палачинки од тиква направени со овес, урда, јаболка и многуу цимет.
Подготовка10 minutes
Готвење10 minutes
Вкупно време20 minutes
2 порции

Состојки

  • 4 јајца
  • 120 г овесни снегулки
  • 100 г урда или cottage сирење
  • 2 помали јаболки
  • полна шака ореви
  • 1 лажица мед опционално
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1-2 лажици млеко по потреба

Инструкции

  • Изрендај ги јаболките и подели ги на два дела.
  • Изблендирај ги сите состојки освен едното јаболко. По желба остави ги и оревите неблендирани.
  • Во изблендираната смеса додади го едното изблендирано јаболко и измешај убаво.
  • Готви ги палачинките на нелепливо тавче на средна температура. Од оваа смеса излегуваат 8 поголеми палачинки.
  • Сервирај со мед, ореви, грчки јогурт или додатоци по твоја желба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close