Свежа паста салата

4.6K

Потребна ви е нова идеја за брз ручек? Оваа паста салата е превкусна, свежа и се прави за помалку од 20 минути. Лесен начин да внесеме екстра свеж зеленчук во исхраната.

Оваа свежа паста салата може да ја јадете само така, да додадете сирење за екстра протеин или пак да ја направите со паста од леќа/наут. Но, можеби мојот омилен начин да ја јадам е како додаток во јадењето. Парче риба/пилешко сервирано со оваа салата. А, за уште побрзо може и со туна.

Состојки во свежа паста салата
  • макарони – јас користев обични зашто такви имав, но може да користите било какви
  • маслинки – супер и превкусен додаток за салати
  • црвен кромид – мене ми е омилен, но морам да ставам ептен малку зашто мојот стомак не се сложува
  • краставица -свежа краставица исецкана на помали парчиња
  • патлиџан – јас случајно начекав шери патлиџанчиња на попуст па користев такви, но може било каков
  • дресинг – направен од маслиново, сенф, мед и зачини. Совршено се вклопуваат сите вкусови.
Замена на состојки за свежа паста салата

Состојките во оваа салата може целосно да бидат по ваш вкус. Додадете уште зеленчук, не ставајте кромид, додадете некој сос по ваша желба. Ставете сирење за повеќе протеин или направете ја со протеински макарони. Буквално може да бидете креативни и да користите тоа што имате дома.

pasta salad
pasta salad

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Свежа паста салата

Почнува периодот на свежи и брзи оброци со сезонски зеленчук. Оваа салата е брза, вкусна, и може да ја сервирате само така или како гарнир.
Подготовка5 minutes
Готвење15 minutes
Вкупно време20 minutes
4 порции

Состојки

  • 300-350 g паста
  • 1 краставица
  • шери патлиџанчиња или сецкан домат
  • 1/2 црвен кромид
  • 100 г маслинки
  • сирење по желба

Дресинг

  • 3 лажици маслиново
  • 2 лажици сенф
  • 1-2 лажици мед
  • сол
  • оригано
  • лук во прав

Инструкции

  • Стави ја пастата да се вари во зовриена вода.
  • Додека се вари пастата, исецкај го зеленчукот на помали парчиња и измешај ги состојките за дресингот.
  • Кога ќе биде готова пастата, исцеди ја и помини ја низ ладна водна.
  • Измешај ги сите состојки. По желба стави и сирење.
pasta salata

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close