Протеинско кафе смути

932

Ова протеинско кафе смути е совршено за утрата кога се брзате да излезете од дома и немате време за доручек и за кафе. Комбинацијата на состојки го направи ова смути навистина превкусно. Доколку не пиете кафе може дефинитивно да го направите и без.

Состојки во протеинско кафе смути

За овој рецепт ви требаат неколку едноставни состојки кои најверојатно веќе и ги имате дома или може да ги замените со некоја друга намирница.

  • Банана – ни треба една банана што ќе го згусне и ќе го заблажи смутито. Замрзната банана функционира најдобро и ни дава совршена текстура.
  • Кафе – јас користев филтер кафе, но може да користите било какво.
  • Протеин – скроз опционален додаток, но го прави ова смути побалансирано и позаситувачко, а во исто време придонесува и за текстурата. Ако не користите протеин, заменете го со овесни снегулки.
  • Какао – квалитетно какао ни дава најдобар чоколаден вкус.
  • Путер од јатки – го користиме за да додадеме малку масти во ова смути
  • Млеко – за блендирање. Јас најчесто користам овесно или соино млеко, но може да користите било какво. Кравјо и соино ќе ни дадат повеќе протеин.
  • Урма – го заблажуваат смутито и даваат вкус сличен на карамела.
  • Чиа семе – ни дава масти и диететски влакна коишто ќе не држат сити подолго време.
proteinsko kafe smuti
Опционални додатоци за ова смути
  • Овесни снегулки – супер додаток на сложени јаглехидрати и диететски влакна. Ако немате протеин, заменете го со овесни снегулки.
  • Грчки јогурт – доколку не користите протеин, грчкиот јогурт е супер начин да се додаде протеин, а и свежина на смутито.
  • Колаген – исто така супер замена за whey протеини и мојата препорака за лица со осетливи дигестивни системи.
Како да направите супер кремасто смути?
  • Користете замрзната банана – најдобра работа е замрзнување на бананите кога ќе презреат. Замрзнати банани на смутињата им даваат многу кремаста, густа текстура и ги прават поладни. Топло смути дефинитивно не е за мене.
  • Додадете повеќе течност – не се плашете да додадете повеќе течност за смутито да излезе покремасто.
  • Почнете да блендирате на помала јачина, па полека зголемете ја. Ова нема да има големо влијание кај јаки блендери, но кај послаби има ефект.

Други превкусни рецепти за смути што можеби ќе ви се допаднат

 

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Протеинско кафе смути

За утрата во брзање кога нема време и за доручек и за кафе, ова протеинско смути има сѐ што ви е потребно.
Подготовка5 minutes
Готвење0 minutes
Вкупно време5 minutes
1 порција

Состојки

  • 1 банана поубаво да е замрзната
  • 1 доза протеин чоколаден или по избор
  • 1 полна лажица какао
  • 1 полна лажица путер од кикирики
  • 1 лажица чиа семе
  • ½ чаша филтер кафе или еспресо/нескафе
  • 1-2 урми
  • млеко по избор за блендирање

Инструкции

  • Изблендирајте ги сите состојки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close