Колачиња со путер од кикирики и парчиња чоколадо

6.6K

Овие колачиња со путер од кикирики и парчиња чоколадо ги правиме веќе неколку години и се тотален хит. Не само зашто се превкусни, туку и зашто се прават многу лесно. Не содржат млечни производи и се природно безглутенски доколку не користите бело брашно.

Доколку не сакате путер од кикирики можеби овој рецепт не е за вас, но затоа имам многу различни рецепти за поздрави колачиња коишто верувам дека ќе ви се допаднат. За овој рецепт ви требаат само: путер од кикирики, јајца, мелени бадеми, кафеав/кокосов шеќер, прашок за пециво и црно чоколадо.

Тука погледни го видеото од рецептот:

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Колачиња со путер од кикирики и парчиња чоколадо

Еден од моите постари рецепти кој го правам постојано. За овие колачиња сериозно нема замена и се едни од највкусните, а за жал и малку заразни.
Подготовка10 minutes
Вкупно време20 minutes
12 колачиња

Состојки

  • 250 г путер од кикирики јас користам од КАМ МАРКЕТ
  • 2 јајца
  • 100 г бадемово брашно (мелени бадеми) или 90г бело брашно
  • 100 г мек кафеав шеќер или кокосов шеќер
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 100 г сецкано црно чоколадо

Notes

‼️Кога ќе ги извадите треба да бидат малку меки на допир, како што се ладат така ќе се зацврснат малку.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close