Посни банана колачиња

6.6K

Времето на пости се наближува, а овие посни банана колачиња се совршени за тој период. Имаат само неколку состојки и се прават буквално за помалку од 10 минути. Бонус, ќе извалкате само еден сад.

Рецептов произлезе кога дома имавме презрели банани, а ништо друго за да се направат обични колачиња. Зачудувачки, овие колачиња излегоа превкусни и сите ги обожаваат. Ви требаат само: банани, овесни снегулки, масло, мелени бадеми, мед, прашок за пециво и сода бикарбона.

vegan banana cookies
banana bread cookies

Тука погледни го видеото од рецептот:

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Посни банана колачиња

Готови за 5 минути и омилени на сите. Ако имате презрели банани обавезно пробајте ги.
Подготовка10 minutes
Готвење12 minutes
Вкупно време22 minutes
12 колачиња

Состојки

  • 200 г испасирани банани 2 банани
  • 150 г мелени овесни снегулки
  • 50 г мелени бадеми или други јатки
  • 100 г сецкано чоколадо
  • 80 г масло околу 1/2 чаша
  • 2-3 лажици мед или кафеав шеќер
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за пециво

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Измешајте ги прво влажните состојки па потоа додајте ги сувите.
  • Со лажица направете 10-12 колачиња и печете ги 12-14 минути.
  • Оставете ги да се оладат пред јадење. Кога се вадат од рерна се многу помеки и потоа се стврднуваат.
vegan banana cookies

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close