Пилешко ролињо

1.1K

Превкусно пилешко ролињо направено со два превкусни сосови коишто го прават ова јадење заразно. Најдобар додаток на овие брзи пилешки ролиња е карамелизиран кромид и ако имате малку екстра време дефинитивно направете ги така.

Малку се опседнав со рецепти со тортиљи не само затоа што се превкусни, туку и зашто се прават брзо и има мал милион различни комбинации. Ова ролињо беше рекреација од оброк што го имам јадено надвор од дома и верувајте оваа верзија е многу подобра.

Овој рецепт е навистина едноставен и само со неколку секојдневни состојки. А, ако сакате некого екстра да импресионирате дефинитивно додајте карамелизиран кромид или пак направете домашни тортиљи.

пилешко
Состојки за пилешко ролињо
  • За пилешкото – може да користите пилешки стек или пак батачиња без коска. Го зачинуваме со тако зачин, сол, бибер и малку кари, а дефинитивно може да му додадете и нешто луто.
  • За салатата – ќе ви треба неколку мокрови и пола помала зелка. Треба само да се изрендаат и не им треба никакви додатоци.
  • За сосот со грчки јогурт – киселите краставички треба да бидат убаво ситно исецкани и може да се користи било каков грчки јогурт.
  • За сенф-мед сос – ни треба сенф, мед, мајонез и грчки јогурт. Овој сос најмногу придонесува за вкусот и затоа може по желба да направите и поголема доза.
  • Останати додатоци – ни требаат 5-6 тортиљи и по желба може да направите карамелизиран кромид.
Замена на состојки за пилешко ролињо
  • Пилешкото може да го замените со мисиркини гради или пак мелено мисиркино, а доколку сакате да бидат вегетаријански може да ги направите со тофу или пак некои печурки.
  • Дали може пилешкото ролињо да биде безглутенско? Ако сакате овој рецепт да биде безглутенски треба да користите безглутенски тортиљи или пак да ги замените тортиљите со ориз.
  • Како замена за грчкиот јогурт може да користите обична павлака.
Како да го зготвите пилешкото?

За готвење на пилешкото може да користите повеќе начини:

  • Исечете го на помали парчиња, измешајте го со зачините и згответе го со маслиновото масло на нелепливо тавче.
  • Не ги сечете стековите и згответе ги со зачините и маслиновото на нелепливо тавче со капак. Кога ќе бидат готови исечете ги на помали парчиња.
  • Ако сакате да го испечете, зачинете ги стековите, ставете им маслиново масло и ставете ги во помал сад којшто ќе го покриете со капак или алуминиумска фолија. Гответе го на 200 степени, првите 20-25 минути покриено, а потоа извадете го капакот/фолијата и гответе го уште кратко.
Како да го подготвам овој рецепт за meal prep?

Овој рецепт е добар за meal prep и состојките слободно може да стојат во фрижидер до 3 дена. Треба салатата, сосовите и пилешкото да ги чувате во посебни садови во фрижидер и пред јадење само да загреете тортиља и да ги наредите сите состојки.Тортиљата може да ја загреете по 1-2 минути на секоја страна на обично тавче загреано на средна температура.

Други превкусни рецепти за ручек што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Пилешко ролињо

Превкусна комбинација на вкусови и едноставен и балансиран оброк за целото семејство.
Подготовка15 minutes
Готвење15 minutes
Вкупно време30 minutes
4

Состојки

  • 5-6 тортиљи
  • 500 г пилешки стек
  • 1/2 изрендана зелка
  • 3-4 изрендани моркови
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажичка кари
  • 1 лажичка тако зачин опционално
  • 1 лажица маслиново масло

Сос со грчки јогурт

  • 150 г грчки јогурт или павлака
  • неколку кисели краставички

Сенф-мед сос

  • 3 лажици мед
  • 3 лажици сенф
  • 2 лажици мајонез или грчки јогурт, павлака
  • 3-4 лажици грчки јогурт или павлака

Инструкции

  • Исецкајте го пилешкото на поситни парчиња и испржете го на маслиновото масло заедно со зачините.
  • Измешајте ги посебно состојките за двата сосеви.
  • Загрејте ги тортиљите.
  • Наполнете ги тортиљите со сите состојки и сервирајте ги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close