Колач со тиква

5.8K

Најдобриот поздрав колач со тиква којшто многу веројатно ќе ви стане еден од омилените есенски десерти. Има само неколку сосојки како грчки јогурт, овесно брашно, пире од тиква и се разбира цимет. Чоколадото е совршен додаток доколку сакате овој колач да биде десерт, но може слободно да го изоставите ако го правите колачот за доручек.

Имам само уште 2-3 останати тикви од село и ептен ми е жал да ги потрошам волку рано, но навистина морам да го направам овој колач пак. Го правам веќе неколку години по ред и име омилен на сите. Верувајте, се јаде побрзо и од банана колач.

Оваа комбинација на состојки нема утка и гарантирано ќе ви излезе вкусен колач. Бонус е тоа што се прави само во еден сад, а не ви треба ни миксер.

sostojki kolac so tikva

Состојки потребни за колач со тиква

Кај скоро сите мои рецепти за вакви колачи ќе ги видите истите состојки и тоа не е случајност. Ако најдете состојки што одат добро заедно, нема потреба да менувате многу за да го добиете посакуваниот краен резултат.

Влажни состојки:

  • Грчки јогурт – му дава многу убава текстура на колачот и затоа го користам скоро секогаш.
  • Мед – засладувач кој најчесто го користам за рецепти со ваква текстура.
  • Јајца – за овој рецепт ви требаат 3 јајца.
  • Масло – можете да користите сончогледово, кокосово, маслиново, но кокосово и маслиново може да му дадат специфичен вкус.
  • Пире од тиква – печена тиква којашто само ќе ја испасирате со вилушка.

Суви состојки:

  • Цимет – вакви рецепти без цимет не може!
  • Овесно брашно – мелени овесни снегулки. Овесното брашно во вакви рецепти често дава многу влажна текстура и затоа не го користам исклучиво тоа, туку во комбинација со друго брашно.
  • Брашно – може да користите повеќе различни видови.

Замена на состојките за колач со тиква

Неколку од состојките за овој колач со тиква можете слободно да ги замените и да добиете многу сличен резултат. Грчкиот јогурт може да го замените со павлака, пченичното брашно може да го замените со хељдино или интегрално, а може да користите различни масла и медот може да го замените со друг засладувач.

smesa kolac so tikva
smesa kolac so tikva

Како да го подготвите колачот со тиква

За овој колач со тиква потребен ви е само еден сад и тоа е уште една причина што толку ги сакам овие рецепти. Прво убаво ги мешате влажните состојки со маталка или рачен миксер и потоа постепено ги додавате измешаните суви состојки. Смесата потоа ја истурате во сад кој е обложен со хартија за печење и колачот со тиква оди директно на печење.

Совети за колач со тиква што мислам дека ќе ви помогнат

  • Користете нелеплив долгнавест сад кој ќе го обложите со хартија за печење за колачот со тиква да не се залепи.
  • Не претерувајте со мешање на смесата. Овој колач не содржи многу глутен и е доста влажен па затоа треба да се потрудиме да го задржиме воздухот од матените јајца и да ја зачуваме активноста на прашокот за пециво.
  • Додека се пече колачот со тиква не ја отварајте рерната и доколку ви изгледа дека не е готов, не го вадете од рерна за да не падне волуменот.

Други превкусни рецепти есенски рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Колач со тиква

Превкуен и сочен колач со тиква во којшто ќе се заљубите и ќе посакате да го правите одново и одново.
Подготовка10 minutes
Готвење1 hour
Вкупно време1 hour 10 minutes

Состојки

  • 150 г пире од тиква испасирана печена тиква
  • 150 г грчки јогурт или павлака
  • 100 г мед
  • 3 јајца
  • 100 г масло по избор
  • 100 г овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 120 г брашно бело или интегрално/хељдино
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 100 г сецкано чоколадо опционално
  • 1 лажичка цимет

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 180°С и обложете долгнавесто тавче со хартија за печење.
  • Измешајте ги сите влажни состојки убаво.
  • Потоа, додадете ги сувите состојки и внимателно измешајте.
  • На крај, ставете сецкано чоколадо. ставете ја смесата во тавче.
  • Печете околу 60 минути, по потреба неколку минути помалку или повеќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close