Време на пости значи и експериментирање со многу нови посни рецепти. Овие посни овесни коцки излегоа превкусни и се баш совршен начин да се искористат презреаните банани. Дури и да не постите, обавезно пробајте ги зашто буквално се прават прелесно и само со мешање на неколку едноставни состојки.
Состојки во посни овесни коцки
Овој десерт (или ужинка) е направен од само неколку состојки кои можеби веќе ги имате дома. Не знаев како да ги наречам, па така излегоа коцки, но ова е всушност печен овес. Потребно ви е:
- Банани – две презрели банани кои ќе ни дадат блажина и влажност на тестото.
- Растително млеко – користитме само пола чаша млеко како дел од влажните состојки. Ако не постите, слободно може да користите и кравјо.
- Путер од кикирики – две лажици путер од кикирики, кој всушност не се ни чувствува во овој десерт
- Овесни снегулки – обични овесни снегулки или безглутенски ако сте gluten free.
- Овесно брашно – овесни снегулки измелени во блендер.
- Чоколадо – секогаш совршен додаток.
- Прашок за пециво и цимет – потребни во скоро секој десерт.
Како да ги подготвиш овие посни овесни коцки?
Буквално треба само да ги измешаш сите состојки заедно. Испасирај ги бананите, додади ги сите влажни состојки и потоа сувите состојки. Кога ќе бидат испечени овесните коцки, извадете ги од тавчето за да не се спурат.
Тука погледни го начинот на подготовка
Други посни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Посни овесни коцки
Состојки
- 2 зрели банани
- 1/2 чаша растително млеко 125г
- 100 г овесни снегулки 1 чаша
- 100 г овесно брашно мелени овесни снегулки
- ванила екстракт опционално
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка цимет опционално
- 2 лажици путер од кикирики или други јатки
- 2 лажици мед или друг засладувач за веган
- 100 г чоколадо
- малку кокос и лешници по желба
Инструкции
- Загреј ја рерната на 180°С.
- Испасирајте ги бананите и потоа измешајте ги сите влажни состојки.
- Потоа додадете ги сувите состојки, на крај чоколадото и други додатоци по желба.
- Префрлете ја смесата во помало тавче и печете 20-30 минути