Интерконтинентал торта

6.6K

Кои се за вас јадењата коишто одма ве носат во некој специфичен момент во минатото? Оваа торта е за мене такво јадење. Откако знам за себе, баба ми ја правеше за мојот роденден и вкусот не може да го надмине ниедна торта.

Сега, редно е моите баби да одмараат, а јас уживам во подготвување на оваа торта за моите најблиски.
Се вика интерконтинентал торта и сигурна сум дека баба ми го видела рецептот на некоја емисија или пак во храна и вино.


Иако можеби изгледа комплицирано, оваа торта е навистина едноставна за правење и со секое наредно правење тортата ќе ви изгледа поубаво.
Пандишпаните се со орев и има три филови: кокос, јатки и чоколадо. Секој спрат завршува со тенок слој топено чоколадо.
За украсување е најубаво да користите обичен шлаг. 


Се надевам дека доколку некогаш ја направите оваа торта, ќе уживате во неа колку јас и моето семејство.

Тука погледни го видеото од рецептот:

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Интерконтинентал торта

Мојата омилена роденденска торта којашто ја правиме повеќе од 20 години.
Подготовка3 hours
Готвење30 minutes
Вкупно време3 hours 30 minutes
30 парчиња

Состојки

  • 12 јајца
  • 12 лажици шеќер во прав е поубаво
  • 18 лажици мелени ореви
  • 16 лажици брашно
  • Прстохват прашок за пециво
  • 1 литар млеко
  • 250 грама путер
  • 150 грама шеќер во прав
  • 100 грама сецкани ореви или лешници
  • 60 грама кокос
  • 280 грама чоколадо

Инструкции

  • Се матат три пандишпани, по желба може и секој посебно.
  • За еден пандишпан се матат 4 белки во цврст снег.
  • Потоа во нив се додаваат 4 лажици шеќер (во прав), 6 лажици мелени ореви, 1 лажица брашно и прстохват прашок за пециво.
  • Се ова се соединува внимателно, најубаво со шпатула, и се става на тавче обложено со хартија за печење. Може да печете во тавчиња со димензија 22-26цм и во сите ќе испадне добро.
  • Вака правите три пандишпани.
  • Пандишпаните се печат околу 15 минути на 180 степени, кога ќе ги боцнете со нож или чепкалка, тие да бидат чисти. После печење се превртуваат внимателно и се вади хартијата.
  • За филот се матат 12 жолчки, 8 лажици шеќер, 13 лажици брашно. Потоа се додава 1 литар млеко и од ова се вари филот на средна температура со постојано мешање.
  • После варењето филот се остава да се излади,
  • Се мати путерот со 150 грама шеќер во прав и се додава во изладениот фил и се мати за да се изедначи. Филот го делите на три дела.
  • Во првиот додавате 60 грама кокос, во вториот 100 грама сецкани јатки, а во третиот 100 грама стопено чоколадо.
  • Почнувате со филување.
  • На првиот пандишпан го ставате филот со кокос па врз него ставате 60 грама стопено чоколадо (јас го топам со малку масло).
  • Потоа се става вториот пандишпан, па филот со јатки, слој од 60г топено чоколадо.
  • На крај се додава третиот пандишпан, чоколадниот фил и тортата се завршува со уште еден слој чоколадо.
  • Најдобро е да се остави да се стегне преку ноќ пред да ја украсувате и да и ставите шлаг.
  • За мојата требаше околу 3 ќесички шлаг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close