Барови со вишна

4.2K

Баровите со вишна се еден од моите најправени рецепти и затоа мислам дека заслужуваа да бидат и на веб-страната. Балансот на вкусови од вишната и чоколадото дава лесен десерт.

Ако не сакате поздрави десерти коишто имаат многу путери од јатки и јатки, тогаш овие барови се за вас. И не се секирајте, се прават прелесно, не ви требаат јаки блендери и процесори за правење и нема цела кујна да ви биде хаос.

barovi so visna
Состојки во барови со вишна

Овие барови содржат многу состојки што често ги гледате во поздравите барови, а повеќето можеби веќе ги имате дома.

  • Овесно брашно – мелени овесни снегулки што ќе ги користиме за базата.
  • Мелени бадеми – ги користиме во комбинација со овесот за базата да биде посочна.
  • Кокосово масло – потребно ни е за да се спојат состојките за базата.
  • Мед – во овој рецепт како засладувач го користиме во базата и во филот.
  • Вишни – главната ѕвезда на овој рецепт.
  • Густин – потребен ни е за филот со вишни да се згусне.
  • Чоколадо и масло – секако дека мора да има и чоколадна глазура.
Замена на состојки во барови со вишна
  • Кокосовото масло може да се замени со путер
  • Наместо бадеми може да користите било какви јатки
  • Медот може да се замени со друг засладувач. Во филот може да се користи и кафеав шеќер, а за базата можеме да користиме дури и 5-6 урми ако ја блендираме смесата.
barovi so visna
Како да го направите овој прекрасен колач со јаболки
  1. Измешајте или изблендирајте ги состојките за базата. 
  2. Убаво распоредете ја базата во калап отприлика 20х20цм или нешто слично.
  3. Вишните ставете ги во тенџерче заедно со засладувачот и оставете да зовријат на средна температура.
  4. Густинот измешајте го со водата и кога ќе зовријат вишните почнете полека да го додавате во нив со постојано мешање за да се згусне убаво.
  5. Оставете го филот малку да се олади.
  6. Убаво распоредете го врз базата и одма во замрзнувач да се стегне барем 2 часа
  7. Исечете барчиња и додека се уште смрзнати покријте ги со стопеното чоколадо.
barovi so visna

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Барови со вишна

Свежи барчиња со совршен спој на овошје и чоколадо и прелесен десерт што ќе му се допадне секому.
Подготовка30 minutes
Време на ладење2 hours
Вкупно време2 hours 30 minutes
16 барчиња

Состојки

База

  • 150 г овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 150 г мелени бадеми или други јатки
  • 3 лажици мед или друг засладувач
  • 100 г кокосово масло или путер
  • 2-3 лажици млеко по потреба

Фил

  • 400 г замрзнати вишни
  • 4-5 лажици мед или друг засладувач
  • 4 лажици вода
  • 4 лажици густин

Глазура

  • 150 г чоколадо
  • 2-3 лажици масло

Инструкции

  • За базата измешајте или изблендирајте ги сите состојки и распоредете ја базата во калап отприлика 20х20цм.
  • За да го направите филот вишните ставете ги во тенџерче заедно со засладувачот и гответе ги на средна температура додека не зовријат.
  • Густинот измешајте го со водата и додавајте го полека во вишните кога ќе почнат да вријат. Мешајте додека не се згусне.
  • Почекајте филот малку да се олади, потоа распоредете го врз базата и ставете ги баровите во замрзнувач барем 2 часа за да се стегнат.
  • Кога ќе се стегнат, исечете барчиња (околу 16).
  • Чоколадото стопете го заедно со маслото во микробранова или на плоча и покријте ги барчињата со него. Може да ставите чоколадо само горе или на цели барови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close