Јас сум chocolate lover. Како што го пишувам рецептов сакам да имаше останато уште од мафиниве ашто беа превкусни. Направени се со едноставни состојки, а ако ги печете пократко ќе бидат буквално како лава колач.
Никогаш нема да бидам човек што промовира десерти направени со поцелосни и помалку преработени состојки како нешто што може да јадете цел ден и колку сакате. Вистината е дека “поздравите” благи, посебно оние со кокосово масло, путери од јатки, јатки се често многу покалорични од класичните и купечките благи. Но, тоа не значи дека купечките се подобри за нас, само дека за се треба баланс.
Состојки во брауни мафини
- јајца – даваат волумен и структура, ги држат состојките заедно
- овесно брашно – единствено брашно што го користиме во рецептов, направено од мелени овесни снегулки
- грчки јогурт – дава поубава текстура на тестото
- млеко – да не заборавиме и на малку течност во смесата
- чоколадо – за да ја добиеме текстурата на лава колач ни треба стопено чоколадо
- какао – задолжителна состојка во секое брауни
- кокосово масло – мастите во рецептот и придонесува за текстурата
- мелени бадеми – ги користиме како замена за брашно. Може да користите и купечко бадемово брашно.
Замена на состојки за брауни мафини
- Кокосовото масло може да го замените со путер
- Овесното брашно може да го замените со обично брашно
- може да им додадете малини, вишни, екстра чоколадо
Тука погледни го начинот на подготовка
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Брауни мафини (лава колач)
Состојки
- 3 јајца
- 150 г грчки јогурт или павлака
- 150 мл млеко
- 150 г стопено кокосово масло или путер
- 50 г квалитетно какао
- 200 г чоколадо
- 1 лажичка прашок за пециво
- 120 г мелени бадеми
- 75 г овесно брашно мелени овесни снегулки
- 100 г сецкано чоколадо
Инструкции
- Стоплете го млекото и стопете 200г од чоколадото во него.
- Изматете ги јајцата и потоа полека со мешање додавајте го стопеното масло/путер.
- Во грчкиот јогурт измешајте го стопеното чоколадо со млекото и потоа и таа смеса додајте ја кај јајцата и маслото и измешајте.
- Додајте ги и мелените бадеми, овесното брашно и пецивото.
- На крај, просејте го какаото, измешајте ја полека смесата со шпатула и додадете го сецканото чоколадо.
- Смесата може да ја правите како мафини или класично брауни. Јас користев силиконски калап за мафини.
- Печете ги мафините во загреана рерна 15-20 минути. Ако ги печете 15 минути ќе бидат како лава колач, но треба да го прилагодите времето на печење според вашата рерна.
- Јас ги сервирав со грчки јогурт и џем од малини.
Najvkusni i “najzdravi” kolaci. Jas koga nemam bademi stavam leshnici i so leshnici se super. Za da ne se cuvstvuvam vinovno koga gi jadam stavam i pomalce puter ili kokosovo maslo (okolu 50gr/ml).