Фереро рошер гнезда

6.6K

Ако бараш скоро совршен десерт за Денот на вљубените, тогаш си на вистинското место. Единствен минус, не се во форма на срце, но и тоа лесно се решава. И сега ми е криво што не ги направив како срциња.

Важно, превкусни се. Филот буквално има вкус на ципирипи и целото колаче што не се пече е превкусно. Ако сакате, може да ги направите и како обични бомбици и лешникот да го ставите во средина. Мене вака ми беа баш симпатични.

Состојки во фереро рошер гнезда

Овие бомбици се направени со само неколку состојки кои можеби веќе ги имате дома. Ги викам бомбици зашто тоа е нашето име за секое вакво благо, но всушност текстурата им е многу налик на трафлс, мека и се топи во уста. Потребно ви е:

  • Мелени лешници – но може да користите јатки по ваш избор или тоа што веќе имате дома
  • Урми – вкусот на урма не се чувствува, но добивате доволно благ десерт и супер кремаста текстура
  • Чоколадо – чоколадото го користиме и за смесата и филот
  • Путер од лешник – го користиме за филот и добиваме вкус како крем
Како да ги подготвиш урмите?

Во многу од рецептите ќе видите дека урмите прво ги киснам во врела вода. Иако користам свежи урми кои се доста меки и сочни, киснењето во вода ги прави уште помеки и лушпата се вади лесно. За подготовка, само ги полевам урмите со врела вода и ги оставам да отстојат 10-15 минути. Потоа ги цедам и најчесто ја вадам лушпата, но тоа е скроз опционално.

ferero gnezda
ferero bombici

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Фереро рошер гнезда

Ако правите некое благо за Денот на вљубените, тогаш дефинитовно изберете го ова. Со богат вкус на лешници и чоколадо, мали се шансите да не му се допадне некому.
Подготовка30 minutes
Време на ладење1 hour
15 бомбици

Состојки

Гнезда

  • 150 г мелени лешници или други јатки
  • 100 г стопено црно чоколадо
  • 100 г свежи урми мерени без семка
  • 30 г мелени лешници или плазма за валкање на бомбиците

Фил

  • 50 г стопено црно чоколадо
  • 2 полни лажици путер од лешници
  • десетина лешници крупно исечени

Инструкции

  • Покиснете ги урмите во топла вода околу 10 минути и потоа исцедете ги.
  • Изблендирајте ги урмите, чоколадото и мелените лешници и оставете ја смесата да се стегне барем половина час.
  • Кога ќе се стегне, направете 15 бомбици, извалкајте ги во лешниците/плазма и направете вдлабнатина во средината.
  • Измешајте го стопеното чоколадо и путерот од лешници за филот и наполнете ја секоја вдлабнатина. Во средината ставете од сецканите лешници.
  • Оставете ги вака готовите гнезда да се стегнат во фрижидер уште барем половина час, но најдобро неколку часа.
ferero gnezda

Join the Conversation

  1. vesna dzelovska says:

    5 stars
    Mnogu slatki

    1. Ana Kuzmanovska Author says:

      5 stars
      Blagodaram <3

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close