Фереро рошер барови

6.1K

Сѐ што е со лешници (а, и со фстаци) мене ми е омилено. Овие фереро рошер барови се мој постар рецепт,но толку се вкусни и секако морав да ги ставам на веб страната. Не се печат и се прават многу брзо. Кремастиот фил се вклопува совршено со крцкавите лешници и чоколадото.

Моите здрави барови и бомбици се можеби најпопуларни рецепти и како љубител на благо, знам зашто. Поздравите благи се ПРЕвкусни, но тоа што содржат поздрави и помалку процесирани состојки не значи дека се диетални или пак содржат малку калории. Всушност, често содржат и повеќе калории од купечките. Но, дефинитивно се подобар избор за десерт којшто можете да го правите за целото семејство.

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Фереро рошер барови

Кремасти барови со лешник карамел и сецкани потпечени лешници. Прекрасна комбинација на вкусови и текстури. Нешто што мора да го пробате.
Подготовка30 minutes
18 барови

Состојки

База

  • 180 г овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 100 г мелени лешници
  • 100 г стопен путер или кокосово масло
  • 10-15 г какао
  • 1-2 лажици млеко по избор по потреба за смесата да не се рони

Фил

  • 250 г свежи урми мерени без семка
  • 100 г путер од лешници
  • 100 г стопено црно чоколадо
  • 100 г сецкани лешници

Инструкции

  • Прво се спрема базата, се мелат доколку не се измелени овесние снегулки и лешниците и потоа се мешаат сите состојки за базата рачно или во процесор.
  • За да се подготви филот, прво урмите се ставаат 10-15 минути во врела вода.
  • Додека се киснат урмите, базата убаво се распоредува во калап обложен со хартија за печење. Калапот е со димензии 20х20цм.
  • Откако ќе ги исцедите урмите, изблендирајте ги заедно со стопеното чоколадо и путерот од лешници.
  • Филот се распоредува рамномерно врз базата и врз него се ставаат исечените лешници. Може малку да ги притиснете со дланките.
  • Баровите се оставаат да се стегнат во замрзнувач и потоа се сечат околу 18 барчиња. По желба, може да се декорираат со стопено чоколадо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close