Домашно гиро

5.4K

Гирото е класично грчко јадење за коешто месото традиционално се готви на вертикална печка и потоа се сече во поединечни порции. Иако овој вкусен метод за подготовка на месо често се користи во рестораните, не е лесно да се постигне дома. Но, затоа дома може да си направиме вкусно гиро на малку поразличен начин. Гирото е комбинација и сочно и зачинето месо, меко пита лепче, свеж патлиџан, кромид и ѕаѕики и секако, помфрит.

Еве како да ги направите сите компоненти на гирото.

Домашни пита лепчиња

 Се мешаат млаката вода и млекото со 1 лажица брашно и со квасецот и се остава да се активира околу 5 мин.
Потоа се додава медот, маслото и солта и на крај брашното и се формира тесто кое ќе биде меко и малку лепливо. По потреба се додава уште малку брашно.
Се остава тестото да нарасне околу 30 минути и потоа се дели на 8 дела и се формираат 8 топчиња.
Топчињата се остават да стасаат уште 10-15 минути.
За тоа време загреваме тавче на средна температура. Со намрсени дланки земаме топче и без многу да го малтретираме го растегнуваме и го ставаме да се пече во тавчето. Ги печеме од двете страни додека не добијат убава боја и внатре се зготват.

pita lepchinja
pita lepchinja
Месо

Најважниот дел од гирото. Сакаме да биде сочно и убаво зачинето. Затоа е најдобро да се маринира колку што може повеќе, најубаво преку ноќ. 

Потоа се загрева рерната на 200°С, се реди месото во соодветен сад во зависност од тоа дали ви се помали парчиња или едно поголемо парче и се става една чаша вода. Се покрива садот со капак или алуминиумска фолија. Јас парчињата ги печев 90 минути покриени и 30 минути откриени, но ако имате големо парче печењето ќе трае подолго.

meso
meso
Додатоци

Додатоци што обавезно мора да ги има секое гиро.

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Домашно гиро

Ако сакате да изненадите некој со совршен неделен ручек, ова е вистинскиот рецепт. Домашно гиро и превкусни домашни пита лепчиња.
Подготовка30 minutes
Готвење1 hour 30 minutes
Вкупно време2 hours
8 гира

Состојки

Месо

  • 1 кг свинска плешка побрзо се пече ако е на парчиња
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кромид покрупно исечен
  • 2 полни лажици сенф
  • 1 лажичка оригано
  • 2-3 лажички вегета
  • сол и бибер
  • 1 чаша вода

Пита лепчиња

  • 500 г брашно по потреба и повеќе
  • 180 мл млако млеко или вода
  • 150-170 мл млака вода
  • 1 пакување сув квасец
  • 2 лажици мед или шеќер
  • 1-2 лажички сол
  • 1 лажица масло плус екстра за обликување

Ѕаѕики

  • 300-350 г грчки јогурт
  • 1 краставица изрендана
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1/2 лажичка копар
  • лук по вкус

Останати состојки

  • Помфрит
  • Домати
  • Кромид

Инструкции

  • Измешајте го месото со зачините и оставете го да се маринира. Најубаво преку ноќ, но може и одма да го печете.
  • Загрејте ја рерната на 200°С, наредете го месото во соодветен сад во зависност од тоа дали ви се помали парчиња или едно поголемо парче и ставете една чаша вода.
  • Покријте го садот со капак или алуминиумска фолија. Јас парчињата ги печев 90 минути покриени и 30 минути откриени, но ако имате големо парче печењето ќе трае подолго.
  • Додека се пече месото направете ги пита лепчињата. Се мешаат млаката вода и млекото со 1 лажица брашно и со квасецот и се остава да се активира околу 5 мин.
  • Потоа се додава медот, маслото и солта и на крај брашното и се формира тесто кое ќе биде меко и малку лепливо. По потреба се додава уште малку брашно.
  • Се остава тестото да нарасне околу 30 минути и потоа се дели на 8 дела и се формираат 8 топчиња.
  • Топчињата се остават да стасаат уште 10-15 минути.
  • За тоа време загреваме тавче на средна температура.
  • Со намрсени дланки земаме топче и без многу да го малтретираме го растегнуваме и го ставаме да се пече во тавчето.
  • Ги печеме од двете страни додека не добијат убава боја и внатре се зготват.
  • Кога ќе биде готово месото, треба да се исцепка со вилушка и се става во тавче и се пропржува.
  • Помфритот се става да се испече после месото.
  • За ѕаѕикито се мешаат сите состојки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close