Коб салата

4.4K

Коб салата е превкусна салата направена со сочно пилешко, варени јајца, крцкава сланина, зеленчук и домашен дресинг. Во традиционалната коб салата се става сино сирење и дресинг со оцет, но оваа кремаста верзија мене ми е омилена. Совршена салата буквално за секој период од годината. 

Оваа пилешка салата е комплетен оброк. Содржи доволно протеини, масти и е богата со микронутриенти. Сигурна сум дека ќе ве држи сити со часови.

Домашен дресинг за коб салата

Овој дресинг ми е омилен и го употребувам за многу работи. Секакви салати, сендвичи, месо. Направен е од грчки јогурт, мед , сенф, лук во прав, бибер, куркума и други зачини во зависност од рецептот.

Замена на состојки за коб салата

Секоја салата може да ја направите целосно по ваш избор. За протеин може да користите и тофу, може да додадете и печен благ компир за повеќе јаглехидрати. На креативноста и нема крај.

коб салата
sosovi

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Коб салата

Пилешка салата со сочно пилешко, варени јајца, крцкава сланина и многу зеленчук. Комплетирана со превкусен домашен дресинг.
Подготовка25 minutes
Вкупно време25 minutes
3 порции

Состојки

  • 400 г пилешки стек
  • 1 лажица маслиново масло
  • 4-5 парчиња сланина 90г
  • 2 јајца
  • 1 поголем патлиџан
  • 1/2 авокадо по желба
  • ајсберг и рукола

Дресинг

  • 150 г грчки јогурт
  • 1-2 лажици мед
  • сенф по вкус
  • лук во прав, бибер и куркума

Инструкции

  • Измешај ги состојките за дресингот.
  • Почни со готвење на пилешкото. Стави малку масло, зачини по желба и покриј го со капак.
  • Додека се готви пилешкото, свари ги и јајцата и исецкај го зеленчукот.
  • Кога ќе биде готово пилешкото, во истото тавче зготви ја и сланината.
  • Исечи го пилешкото, јајцата и комбинирај ги сите состојки за салатата.
коб салата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close