Колачиња со путер од кикирики и џем

5.4K

Дали сте љубители на сендвичи со путер од кикирики и џем? Тие мене ми се навистина превкусна ужина. Денес, ќе споделам здрав пресврт на класичниот сендвич PB&J – колачиња со путер од кикирики и џем! Ова слатко задоволство не само што има неверојатен вкус, туку е направено од само 6 состојки.

Путерот од кикирики е еден од главните производи во многу домаќинства, и со добра причина. Овој кремаст намаз/путер не само што е вкусен, туку е и одличен извор на протеини, здрави масти и влакна. Всушност, студиите покажале дека консумирањето кикирики и путер од кикирики може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања и да се намали нивото на холестерол. Значи, ако барате вкусна и здрава закуска, тогаш не гледајте подалеку од путер од кикирики. Но, исто така не заборавајте дека е и доста калоричен, па нема потреба да претеруваме со него.

Џемот се прави од овошје и шеќер. Додека шеќерот може да биде штетен во големи количини, овошјето е одличен извор на витамини и антиоксиданси. А, може да си направите и домашен џем со малини и мед – мојот омилен. Во овие колачиња џемот дава прекрасен вкус.

Па, како да ги направите овие колачиња од путер од кикирики и џем? Едноставно е! Буквално само треба да ги измешате сите состојки, да направите топчиња кои ќе ги ставите на хартија за печење и после печење да ставите џем. Резултатот ќе биде меки и превкусни колачиња.

Состојки во колачиња со путер од кикирики и џем
  • јајца – даваат волумен и структура, ги држат состојките заедно
  • мелени бадеми – ги користиме како замена за брашно. Може да користите и купечко бадемово брашно
  • путер од кикирики – главната состојка во овој рецепт
  • кафеав шеќер – единствениот засладувач
Замена на состојки за брауни мафини
  • Мелените бадеми може да ги замените со купечко бадемово брашно или да пробате со обично брашно
  • Путерот од кикирики може да го замените со друг путер од јатки
kolacinja pb&j
kolacinja pb&j

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

kolacinja pb&j

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close