Крекери со семки се можеби најзаразното нешто за мене. А, овие low carb и безглутенски крекери се едни од највкусните. Во нив имаат неколку семиња, а секогаш може да ги направите и со семиња по ваш избор. Имаат многу малку брашно за да ја држи смесата заедно. И, не заборавајте, за безглутенски крекери треба да користите безглутенско брашно.
Тука погледни го видеото од рецептот:
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Крекери со семки
Low carb и безглутенски крекери со многу семки што ќе им се свиѓаат на сите.
Подготовка10 minutes mins
Готвење25 minutes mins
Вкупно време35 minutes mins
Состојки
- 80 г сончоглед
- 40 г семки од тиква
- 40 г сусам
- 40 г ленено семе
- 50 г интегрално брашно хељдино за без глутен
- 150 мл топла вода
- сол други зачини по желба
Инструкции
- Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои 5-10 минути.
- Загрејте ја рерната на 160°С. Распределете ја смесата на хартија за печење.
- Од горе ставете уште еден лист хартија за печење за да биде полесно израмнувањето на крекерите.
- Печете 25-40 минути во зависност од тоа колку дебели сте ги направиле крекерите. Пазете да не ви изгорат.