Орасниците спаѓаат во моите омилени работи и се едни од најпотценетите десерти. Овие се прават со само три состојки и нема да ви одземат многу време. Не се премногу благи ии се засладени само со мед па затоа и претставуваат супер ужина која е совршен баланс на благо и крцкаво.
Медот може да го замените со јаворов сируп или дури да пробате и со кафеав шеќер. Белките не сум пробала да ги заменам со нешто, но гледам многу луѓе прават со аквафаба (течноста од конзерва наут), па доколку постите или не јадете јајца може да пробате да ги направите така.
Тука погледни го начинот на подготовка
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Орасници
Состојки
- 300 г мелени ореви
- 300 г сецкани ореви
- 4 средни белки или 3 големи
- 150-200 г мед или јаворов сируп
Инструкции
- Матите снег од белките, го загревате малку медот и го додавате полека со матење во белките.
- Во белките ги ставате мелените ореви и пола од сецканите.
- За да формирате орасница земете полна лажица од смесата и формирате нешто налик на топче кое го ставате во остатокот од сецканите ореви па формирате потковици кои ги ставате на хартија за печење.
- Ги печете во загреана рерна на 150°С околу 30 минути па зголемувате на 180°С и се печат уште 5 минути.
Nice post.