Печен лосос во мед-соја сос

4.9K

Овој печен лосос ни е еден од омилените оброци. Сосот со мед и соја сос го прави толку сочен плус карамелизиран и верувам дека ќе им се допадне дури и на луѓе кои не сакаат риба. Да, лососот е секако поскап од други извори на протеин, НО буквално секој пат кога го јадеме збориме како е ова сто пати повкусно јадење отколку да сме порачале нешто од надвор (а тоа е дефинитивно поскапо од лосос кога имаш дечко што јаде по 2 огромни бургери).

Да не заборавиме, лососот исто така е многу добар извор на омега-3 масни киселини и доколку можете е убаво да имате вклучено во исхраната ваква намирница барем еднаш до двапати неделно. Јас купувам индивидуално замрзнат лосос зашто некако ми е најлесен за пазарење и планирање оброци бидејќи правиме големо пазарење само еднаш во две недели.

За да го одмрзнете, индивидуалните ќесички ставете ги само во ладна вода. Се одмрзнува стварно брзо, сигурно за помалку од 20 минути.

Дресинг

Дресингов е ептен едноставен, но навистина не сакам сега да јадам лосос на друг начин. Во ресторан порачав лосос и буквално овој дома ми се свиѓаше многу повеќе од тој. Мешаме соја сос, мед, малку лимонов сок и лукче и најубаво е да ги оставиме парчињата лосос малку да се маринираат во сосот за да добијат повеќе вкус. Ако немате време за маринирање, додека се печат 2-3 пати само посипете ги со вишокот сос што го има во тавчето.

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Печен лосос во мед-соја сос

Омилен начин на готвење лосос. Сочен, карамелизиран и комбинација на прекрасни вкусови.
Подготовка10 minutes
Готвење20 minutes
Вкупно време30 minutes
3 филети

Состојки

  • 3 лосос филети по 125-150г

Дресинг

  • 2 полни лажици мед
  • 2 полни лажици соја сос
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 лажица лимонов сок
  • сол и бибер
  • 1 лажица маслиново масло

Идеи за гарнир

  • печени компири и салата или печен зеленчук

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 200°С
  • Посолете и премачкајте ги филетите со малку масло. Одозгора ставете го дресингот. Најдобро е да ги оставите кратко да се маринираат.
  • Печете ги филетите 15-20 мин во зависност од големината. Вишокот сос ставете го врз филетите.

Notes

Јас користам индивидуално замрзнати филети (има вакви во кам маркет) и ги одмрзнувам затворени во пакувањето така што ги ставам во ладна вода краток период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close