Протеински проја мафини

4.8K

Проја за доручек имаме скоро секој викенд и на никој уште не му е здосадена. Затоа, и пројата еше еден од првите рецепти кои пробав да ги направам “поздрави”. Според мене, оваа верзија е уште поубава.

Овие проја мафини се толку меки, превкусни (особено со маслинки) и секој мафин има скоро 10 грама протеин. 2 или пак 3 вакви мафини ако сте многу гладни плус јогурт или кисело млеко се супер балансиран оброк.

Состојки во проја мафини
  • јајца – го држат тестото заедно и се богати со протеини и масти
  • палента и овесно брашно – како замена за обично брашно користиме мешавина од палента и овесно брашно (мелени овесни снегулки)
  • урда – ја додаваме во смесата за екстра протеин и ги прави мафините помеки
  • масло – дава влажност на тестото
  • јогурт – како течност во овој рецепт користиме јогурт
  • маслинки и сирење – како додатоци во овој рецепт користиме маслинки и сирење, но може да користите и спанаќ, праз и слично
Замена на состојки во проја мафини
  • Овесното брашно може да го замениш со бело или интегрално брашно
  • јогуртот може да го замените со грчки јогурт плус 2 лажици вода или кисело млеко
  • наместо маслинки и сирење може да користите додатоци по ваш избор
proja mafini

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Протеински проја мафини

Овие протеински мафини се направени со овесно брашно, урда, маслинки и еден мафин содржи скоро 10 грами квалитетен протеин. Совршен рецепт за meal prep.
Подготовка10 minutes
Готвење30 minutes
Вкупно време40 minutes
12 мафини

Состојки

  • 4 јајца
  • 50 г масло 1/4 чаша
  • 1 чаша овесно брашно 100г
  • 1 чаша палента 180г
  • 1 чаша јогурт 300г
  • 200 г урда
  • малку сол
  • 1 лажичка прашок за пециво

Инструкции

  • Изматете ги јајцата со солта и потоа измешајте ги другите состојки.
  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Ставете ја смесата во калап за мафини или тацче обложено со хартија за печење и печете околу 30-40 минути. (додека не стане убава бојата)

Notes

Нутритивни вредности (за 1 мафин)
Калории: 202
Протеини: 9g
Масти: 10g
Јаглехидрати: 19g
proja mafini

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close