Ресана колачиња

3.8K

Овие ресана колачиња се еден од поубавите десерти што ги имам направено во последно време. Не само што изгледаат преубаво, туку и се превкусни и се прават прелесно.

Комбинацијата чоколадо-портокал ми е совршена комбинација за овој период од годината и инспирација за многу десерти. Во овие колачиња може да најдете многу портокал, чоколадо и уште неколку едноставни состојки.

resana kolacinja
Состојки во ресана колачиња

Овие колачиња содржат многу состојки што често ги гледате во поздравите колачиња, а повеќето можеби веќе ги имате дома.

  • Овесно брашно – мелени овесни снегулки што ќе ги користиме за колачето.
  • Мелени бадеми – ги користиме во комбинација со овесот за колачето да биде посочно.
  • Путер – потребен ни е за да се спојат состојките за базата.
  • Мед и урми – во овој рецепт како засладувач за колачето користиме мед и урми.
  • Сок и кора од портокал – главната ѕвезда на овој рецепт.
  • Густин – потребен ни е за филот  да се згусне.
  • Чоколадо – секако дека мора да има и чоколадна глазура.
Замена на состојки во ресана колачиња
  • Путерот може да се замени со кокосово масло за колачињата да бидат посни.
  • Наместо бадеми може да користите било какви јатки.
  • Медот може да се замени со друг засладувач, а може и урмите да пробате да ги замените со мед.
  • Филот може да го направите и со желатин за малку поразлична текстура.
resana kolacinja
Како да ги направите овие превкусни ресана колачиња
  1. Изблендирајте ги сите состојки за колачињата во процесор или појак блендер. Ако немате, рачно изблендирајте ги урмите со путерот па потоа рачно измешајте ги сите состојки.
  2. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  3. Од смесата направете околу 12 топчиња и наредете ги на хартија за печење.
  4. Со помош на лажичка направете вдлабнатини во секое топче.
  5. Печете ги околу 12-15 минути.
  6. Додека се печат направете го филот. Прво, измешајте го густинот со водата. Загрејте го сокот со кората и пред да почне да врие измешајте го густинот во него и мешајте додека не се згусне.
  7. Пазете да не изгорат и одма штом ќе излезат ако вдлабнатината е премногу порасната повторно малку направете вдлабнатина со лажичка.
  8. Со помош на кесичка или лажица ставете од филот во секоја вдлабнатина и оставете ги колачињата да се оладат и да се стегнат.
  9. Кога ќе бидат оладени, стопете го чоколадото и попрскајте го секое чоколадо од горе. За екстра чоколадо, ставете го стопеното чоколадо во плиток тањир и секое колаче од доле потопете го во стопеното чоколадо па ставете го на хартија за печење да се стегне. Потоа лесно ќе се одлепи од хартијата бидејки е мрсна.
resana kolacinja

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Ресана колачиња

Овие ресана овесни колачиња се превкусен уникатен десерт. Изгледаат прекрасно и се прават многу лесно, совршени за овој период од годината.
Подготовка20 minutes
Готвење15 minutes
Вкупно време35 minutes
12 колачиња

Состојки

  • 150 г овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 100 г мелени бадеми
  • 60 г урми мерени без семка
  • 50 г стопен путер или кокосово масло
  • 3 лажици мед
  • 1-2 лажици млеко по избор или сок од портокал
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • кора од портокал

Фил

  • 1 чаша цеден портокал
  • кора од портокал
  • 2 ½ лажици густин
  • 2 ½ лажици вода

Глазура

  • 100 г црно чоколадо

Инструкции

  • Изблендирајте ги сите состојки за колачињата со појак блендер или процесор. Ако немате, можете да ги изблендирате само урмите со путерот со рачен блендер па потоа рачно да ги измешате сите состојки.
  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Направете 12 топчиња и ставете ги на хартија за печење. Со помош на лажичка во секое топче направете поголема вдлабнатина.
  • Печете ги колачињата 12-15 мин. Пазете да не загорат.
  • Додека се печат, направете го филот.
  • Измешајте го густинот со водата. Во мало тенџерче загрејте го сокот и пред да зоврие ставете го густинот и мешајте додека да се згусне.
  • Кога ќе бидат готови колачињата ако многу имкаат нараснато во средината може малку повторно да направите вдлабнатини па да ги наполните со филот.
  • Оставете ги да се оладат и стегнат.
  • Кога ќе се оладат може да ги попрскате со стопено чоколадо од горе и да го потопите долниот дел во стопено чоколадо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close