Сирники

4.1K

Сирники се традиционални руски/украински палачинки кои се прават со урда и се превкусни. Мојата верзија на нив е малку побалансирана, совршен избор на доручек којшто ќе ве држи сити и е превкусен.

Да не ја изјавувам уште еднаш мојата љубов за урдата, посебно оваа од Кам на Хомоље, препреубава е. Не е спонзорирано (I wish), имам купено сигурно над 100-200 урди досега и нема да престанам. Oвие сирники се премеки, совршени за дечиња над 1 годинка и стварно прелесни за правење. Обавезно ставете си ги на неделното мени.

Состојки во сирники
  • јајце – го држи тестото заедно и  збогатува со протеини и масти
  • оризово брашно – како замена за обично брашно користиме оризово брашно (купено од инстаграм од orizovobrahno.mk)
  • урда – главна ѕвезда на овој рецепт
  • мед – го користиме како засладувач
Замена на состојки во сирники
  • Оризовото брашно може да го замениш со гриз во иста количина или пак со обично брашно, но во малку поголема количина
  • медот може да се замени со било кој друг засладувач
Моите омилени додатоци за сирники

Ова што го гледате на сликата е комбинација од моите омилени додатоци. Многу сакам да ставам свежо овошје кое не само што е вкусно, туку и додава диететски влакна и витамини на оброкот. Исто така сакам џем и путер од јатки.

Овој пат ставув и една лажица грчки јогурт (многу убава комбинација) и малку гранола.

sirniki

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Сирники

Сирники се меки, превкусни руски/украински палачинки кои се прават со урда. Мојата верзија е малку поздрава, но исто толку вкусна и прелесна за правење.
Подготовка10 minutes
Готвење10 minutes
Вкупно време20 minutes

Состојки

  • 100 г урда
  • 1 јајце
  • 50 г оризово брашно или ситен гриз
  • 2 лажички мед или друг засладувач
  • ванила екстракт опционално
  • 1/2 лажичка прашок за пециво

Инструкции

  • Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои околу 5 минути.
  • Загрејте нелепливо тавче на средна температура и премачкајте го со масло.
  • Со дланките оформете околу 5 сирники и печете ги од дете страни по 2-3 минути(додека не добијат убава боја).
  • Сервирајте со вашите омилени додатоци. Јас денес ставив малку грчки јогурт, џем од малини, киви и малку гранола. Беше превкусно!

Notes

Нутритивни вредности (без додатоци):
Калории: 421
  • Протеини: 26g
  • Масти: 13g
  • Јаглехидрати: 50g
Препорачувам како додаток да ставите овошје за оброкот да содржи повеќе диететски влакна.
sirniki

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close