Овие чоко велигденски бомбици ги правам секој Велигден и заслужуваат објава на мојата веб страна. Се прават прелесно, а изгледаат преслатко.
Заедно со овој пост, ви постирам уште неколку од моите омилени велигденски рецепти. Се надевам дека ќе ви се допаднат.
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Чоко велигденски јајца
Брзи, слатки и вкусни чоколадни јајца кои ќе изгледаат преубаво на вашата трпеза.
Подготовка15 minutes mins
Време на ладење20 minutes mins
Вкупно време35 minutes mins
12 парчиња
Состојки
- 100 г мелена плазма
- 60 г мелени ореви или други јатки
- 5-6 лажици сок од портокал
- кора од портокал опционално
- 100 г стопено чоколадо
Глазура
- 100 г црно чоколадо
- 1 лажичка кокосово масло
- декорации по желба
Инструкции
- Комбинирајте ги сите состојки за бомбиците и оставете ја смесата да се стегне малку во фрижидер.
- Формирајте 12 јајца.
- Покријте ги со глазура и декорирајте ги по желба.