Дали сте љубители на сендвичи со путер од кикирики и џем? Тие мене ми се навистина превкусна ужина. Денес, ќе споделам здрав пресврт на класичниот сендвич PB&J – колачиња со путер од кикирики и џем! Ова слатко задоволство не само што има неверојатен вкус, туку е направено од само 6 состојки.
Путерот од кикирики е еден од главните производи во многу домаќинства, и со добра причина. Овој кремаст намаз/путер не само што е вкусен, туку е и одличен извор на протеини, здрави масти и влакна. Всушност, студиите покажале дека консумирањето кикирики и путер од кикирики може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања и да се намали нивото на холестерол. Значи, ако барате вкусна и здрава закуска, тогаш не гледајте подалеку од путер од кикирики. Но, исто така не заборавајте дека е и доста калоричен, па нема потреба да претеруваме со него.
Џемот се прави од овошје и шеќер. Додека шеќерот може да биде штетен во големи количини, овошјето е одличен извор на витамини и антиоксиданси. А, може да си направите и домашен џем со малини и мед – мојот омилен. Во овие колачиња џемот дава прекрасен вкус.
Па, како да ги направите овие колачиња од путер од кикирики и џем? Едноставно е! Буквално само треба да ги измешате сите состојки, да направите топчиња кои ќе ги ставите на хартија за печење и после печење да ставите џем. Резултатот ќе биде меки и превкусни колачиња.
Состојки во колачиња со путер од кикирики и џем
- јајца – даваат волумен и структура, ги држат состојките заедно
- мелени бадеми – ги користиме како замена за брашно. Може да користите и купечко бадемово брашно
- путер од кикирики – главната состојка во овој рецепт
- кафеав шеќер – единствениот засладувач
Замена на состојки за брауни мафини
- Мелените бадеми може да ги замените со купечко бадемово брашно или да пробате со обично брашно
- Путерот од кикирики може да го замените со друг путер од јатки
Тука погледни го начинот на подготовка
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Колачиња со путер од кикирики и џем
Состојки
- 250 г путер од кикирики може и од јатки
- 100 г мелени бадеми јас ги мелам во блендер
- 2 јајца
- 100 г кафеав или кокосов шеќер
- 1 лажичка прашок за пециво
- џем по избор
Инструкции
- Измешајте ги сите состојки заедно, освен џемот.
- Загрејте ја рерната на 180°С.
- Направете 20-24 топчиња, ставете ги на тавче обложено со хартија за печење и сплескајте ги вилушка/дланка.
- Печете ги колачињата 10-15 минути. Кога ќе ги извадите може да се малку меки, но потоа ќе се стврднат.
- Меѓу две колачиња ставете од вашиот омилен џем и уживајте. Очекувам брзо да ги снема 🙂