Пилешка супа

2.3K

Во периодов на чести настинки, понекогаш топла пилешка супа е сѐ што ни треба. Богата со антиинфламаторни состојки како ѓумбир, куркума, кромид. Оваа пилешка супа е превкусна и целото семејство ќе ја сака.

Обожавам манџички и супи и многу сакам да ги готвам. Никој не ме научил како да ги правам “традиционално” па така никогаш не сум ни направила манџа со запршка, а многу често не употребувам ни капка зејтин кога ги готвам. И ме прави среќна тоа што досега никој не се пожалил и скоро секогаш е цела изедена.

Оваа пилешка супа ја зготвив во Романија откако неколку дена не ми поминуваше настинката и сигурно е некој плацебо ефект, но после топла супа секогаш ти е подобро.

pileska supa zelencuk
Состојки потребни за пилешка манџа со просо

Секоја состојка во овој оброк е додадена со одредена цел и затоа добивате лесен ручек или предјадење со доволно протеини, јаглехидрати и богат со микронутриенти. Омилен дел кај овој рецепт ми се зачините, односно куркумата и ѓумбирот, кои некогаш забораваме да ги користиме, но имаат многу бенефити.  Да не заборавиме дека целиот оброк е готов за помалку од 40 минути.

  • Пилешко месо – главен извор на протеини
  • Моркови – зеленчук кој мора да го има секоја супа
  • Куркума – зачин со антиинфламаторно дејство и малку лут вкус. Најдобро е да се комбинира со бибер за подобра апсорпција на активните соединенија.
  • Ѓумбир – малку попознат зачин за нас, многу сличен со куркумата. Супер за настинка, дигестија и со антиинфламаторно дејство.
  • Компири – извор на јаглехидрати и супер додаток во овој рецепт.
  • Тестенини – во овој рецепт ги додадов за супата повеќе да заситува.
  • Кромид – супер за вкус и за сите здравствени бенефити кои ги нуди. Во овој рецепт е убаво зготвен и затоа не би требало да ни смета во дигестијата.
  • Коцки за супа – користам зеленчукови или пилешки и ги ставам уште во варењето на пилешкото за да добие вкус.
Колку дена може да ја чувате оваа манџа во фрижидер?

Поради компирите и останатиот зеленчук, кои не се толку стабилни како други состојки, оваа супа ви препорачувам да ја чувате во фрижидер до 2 дена. Откако ќе ја зготвите и ќе се олади, веднаш складирајте ја во фрижидер за да се избегне започнување на било какви процеси на расипување.

pileska supa
pileska supa
Како да ги подготвите батачињата?

Откако батачињата ќе се сварат со коцките за супа, извадете ги во посебен сад и со помош на две вилушки исчистете ги од коски па потоа месото вратете го назад во супата. Ова ми е омилен начин на готвење на пилешко за во манџи и супи.

Што ако не јадам месо?

Не се секирај, и ова лесно се менува. Единствено изостави го пилешкото и додади грашок, просо, повеќе тестенини или зеленчук по ваш избор. Ова малку ќе ги намали протеините во една порција, но оброкот сепак ќе биде супер избалансиран.

 

Други превкусни рецепти за ручек што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Пилешка супа

Есенцијалното јадење во секој дом е пилешка супа со зеленчук. Совршена за стоплување и полна со витамини и минерали.
Подготовка10 minutes
Готвење30 minutes
Вкупно време40 minutes
5 порции

Состојки

  • 4 пилешки батачиња или 2 батак со карабатак
  • 4-5 големи моркови
  • 1 цм ѓумбир
  • 1 пашканат
  • целер
  • ½ кромид
  • 1 компир опционално
  • 1 коцка за супа
  • 100 г фиде или просо, други тестенини
  • 8 чаши вода
  • сол, бибер, куркума
  • магдонос по желба

Инструкции

  • Ставете ја водата во поголемо тенџере заедно со коцката за супа и батачињата и оставете ги да се варат на средна температура минимум 20 минути. Треба да бидат целосно сварени.
  • Додека се варат исецкајте го зеленчукот, а ѓумбирот или изрендајте го или исецкајте го на многу мали парчиња.
  • Кога ќе бидат готови батачињата, извадете ги од водата и ставете го зеленчукот да се вари. Исчистете ги батачињата од коска и вратете го месото во супата.
  • Кога ќе се зготви зеленчукот ставете го фидето и зачинете по потреба. По желба, на крај ставете сецкан магдонос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close