Пилешка кранчи салата

1K

Оваа пилешка кранчи салата е за секого и салата што нема да ве остави гладни. Како што се затоплува времето, така ми се зголемува желбата за свежи оброци, а оваа салата е превкусна и супер баланс на јаглехидрати, масти и протеини. Додатоците секако може да бидат и по ваш вкус, а многу убаво ќе дојде и малку крцкава сланина, но за жал немав овој ден, вие обавезно да пробате.

Овој рецепт е навистина едноставен и само со неколку секојдневни состојки. Правење крцкаво пилешко со корнфлекс во рерна ми е еден од омилените рецепти, а со поздравиот дресинг од грчки јогурт никогаш нема да згрешите.

pileska kranci salata
Состојки за пилешко ролињо
  • За пилешкото – за овој рецепт е најдобро да користите пилешки стек. Треба да биде исечен потенко за да се зготви добро и побрзо. Корнфлексот треба да се искрши на мали парчиња, а оброкот ќе биде безглутенски доколку изберете корнфлекс без глутен.
  • За салатата – можете да користите било какви додатоци. Зелениот дел може да биде марула, ајсберг или пак микс салата. Авокадото е скроз опционално, но на салатата и дава здрави масти. Како замена може да се користат и семки.
  • За сосот со грчки јогурт – сосот може да го направите целосно по ваш вкус. Ако немате грчки јогурт, слободно користете павлака.
  • Екстра додатоци – во оваа салата крцкава сланина или малку пармезан ќе дадат супер вкус.
Замена на состојки за пилешко ролињо
  • Пилешкото може да го замените со мисиркини гради кои треба да бидат тенко исечени.
  • Како замена за грчкиот јогурт може да користите обична павлака.
  • Медот во дресингот може да се замени со друг засладувач.
pilesko
Како да го зготвите пилешкото?

Готвењето на пилешкото е многу побрзо и поедноставно отколку што изгледа.

  • Исечете го на потенки парчиња за да се зготви подобро.
  • Измешајте ги состојките за маринадата и ставете го пилешкото да отстои во неа.
  • Искржете го корнфлексот на мали парчиња. Тоа може да го направите во кесичка.
  • Покријте го стекот убаво со корнфлексот и ставете ги парчињата на хартија за печење.

Други превкусни рецепти за ручек што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Пилешка кранчи салата

Оваа пилешка кранчи салата е за секого и салата што нема да ве остави гладни.
Подготовка20 minutes
Готвење40 minutes
Вкупно време1 hour
3 порции

Состојки

За пилешкото

  • 500 г пилешки стек
  • 1 јајце
  • чаша млеко по избор
  • 1 лажица мед
  • сол, бибер, тако зачин
  • 2 чаши корнфлекс по потреба и повеќе

Додатоци

  • микс салата
  • патлиџан
  • авокадо
  • пармезан/кашкавал

Дресинг

  • 150 г грчки јогурт или павлака
  • 1 лажичка италијански зачин опционално
  • 1-2 лажици сенф
  • 1-2 лажици мед
  • лук во прав, сол, бибер

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 200°С.
  • Ставете го корнфлексот во ќесичка и искршете го.
  • Изматете го јајцето заедно со млекото и медот и сол и ставете го исеченото пилешко во смесата да поседи 5-10 мин.
  • Потоа покријте ги парчињата едно по едно со смесата од корнфлекс и зачини и ставете ги на хартија за печење.
  • Печете ги 30-40 мин на 200°С, зависи колку ќе бидат големи парчињата.
  • Исечете ги додатоците за салатата.
  • Измешајте ги состојките за дресингот.
  • Сервирајте ја салатата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close