Класичното слатко-кисело пилешко се прави со пилешко коешто прво се става во смеса со брашно/густин и се пржи во фритеза или многу зејтин. На крај му се додава сосот и поретко е во комбинација со ананас и пиперки. Овој рецепт за слатко-кисело пилешко е малку поразлична варијанта и имам додадено прилично многу зелечук, но тоа само го дополнува вкусот и го прави ова јадење побалансирано.
Еве како да ги направите сите компоненти на гирото.
Сос
Знам дека сосов ќе ви изгледа малку чуден кога првпат ќе ги прочитате сосотјките. Но, не се секирајте, вкусовите супер се вклопуваат.
Зеленчук и ананас
Користиме пиперки, црвен кромид, брокула и ананас кој секако е опционален бидејќи знам дека не им е на сите омилен. Зеленчукот го сечеме на средни парчиња и го пропржуваме убаво заедно.
Пилешко и готов оброк
Тука погледни го начинот на подготовка
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Слатко кисело пилешко со зеленчук
Состојки
Сос
- ½ чаша сок од ананас
- 3 лажици оризов оцет може и алкохолен
- 5 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици кечап
- 2 чешниња лук
- 2 цм свеж ѓумбир
- 1 полна лажица соја сос
- 2 лажички густин
Останати состојки
- 500 г пилешки стек
- 1 мал црвен кромид може и обичен
- 6-7 пиперки
- 200-300 г брокула
- ¼ свеж ананас опционално
- 3 лажици масло
- 1 лажица црвен пипер
- 2 лажички сол
- 1 лажичка лук во прав
- 2 лажици сусам
- 2 кесички басмати ориз
Инструкции
- Во еден сад, измешајте ги сите состојки за сосот.
- Исецкајте го ананасот и зеленчукот на поситни парчиња и тргнете го на страна.
- Исечете го пилешкото на потенки парчиња и загрејте нелепливо тавче на средна температура заедно со маслото.
- Испржете го пилешкото заедно со зачините и кога ќе биде готово тргнете го во посебна чинија.
- Во истото тавче ставете ги прво да се зготват пиперките и кромидот и кога ќе омекнат додадете ја брокулата и ананасот. Гответе уште две-три минути, па кога ќе почне да се згуснува додадете го сосот.
- На крај, додадете го пилешкото, ставете го сусамот и гответе уште кратко само колку да се згусне малку сосот.
- Тргнете ги пилешкото и зеленчукот од плоча. Во тенџере загрејте вода за две кесички ориз. Кога ќе почне да врие ставете ги кесичките и гответе според упатството на пакувањето ориз.
- Сервирајте го слатко-киселото пилешко со зеленчук врз оризот и како додаток ставете младо кромидче.
Notes
- Може да користите свежа или замрзната брокула, но доколку користите замрзната треба да се одмрзне во микро или на собна температура пред готвењето.
- За малку поспецифичен вкус може да користите и масло од сусам за пилешкото.
- Дел од кафеавиот шеќер може да го замените со друг засладувач како на пример мед.