Оваа пилешка кранчи салата е за секого и салата што нема да ве остави гладни. Како што се затоплува времето, така ми се зголемува желбата за свежи оброци, а оваа салата е превкусна и супер баланс на јаглехидрати, масти и протеини. Додатоците секако може да бидат и по ваш вкус, а многу убаво ќе дојде и малку крцкава сланина, но за жал немав овој ден, вие обавезно да пробате.
Овој рецепт е навистина едноставен и само со неколку секојдневни состојки. Правење крцкаво пилешко со корнфлекс во рерна ми е еден од омилените рецепти, а со поздравиот дресинг од грчки јогурт никогаш нема да згрешите.
Состојки за пилешко ролињо
- За пилешкото – за овој рецепт е најдобро да користите пилешки стек. Треба да биде исечен потенко за да се зготви добро и побрзо. Корнфлексот треба да се искрши на мали парчиња, а оброкот ќе биде безглутенски доколку изберете корнфлекс без глутен.
- За салатата – можете да користите било какви додатоци. Зелениот дел може да биде марула, ајсберг или пак микс салата. Авокадото е скроз опционално, но на салатата и дава здрави масти. Како замена може да се користат и семки.
- За сосот со грчки јогурт – сосот може да го направите целосно по ваш вкус. Ако немате грчки јогурт, слободно користете павлака.
- Екстра додатоци – во оваа салата крцкава сланина или малку пармезан ќе дадат супер вкус.
Замена на состојки за пилешко ролињо
- Пилешкото може да го замените со мисиркини гради кои треба да бидат тенко исечени.
- Како замена за грчкиот јогурт може да користите обична павлака.
- Медот во дресингот може да се замени со друг засладувач.
Како да го зготвите пилешкото?
Готвењето на пилешкото е многу побрзо и поедноставно отколку што изгледа.
- Исечете го на потенки парчиња за да се зготви подобро.
- Измешајте ги состојките за маринадата и ставете го пилешкото да отстои во неа.
- Искржете го корнфлексот на мали парчиња. Тоа може да го направите во кесичка.
- Покријте го стекот убаво со корнфлексот и ставете ги парчињата на хартија за печење.
Други превкусни рецепти за ручек што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Пилешка кранчи салата
Состојки
За пилешкото
- 500 г пилешки стек
- 1 јајце
- ⅓ чаша млеко по избор
- 1 лажица мед
- сол, бибер, тако зачин
- 2 чаши корнфлекс по потреба и повеќе
Додатоци
- микс салата
- патлиџан
- авокадо
- пармезан/кашкавал
Дресинг
- 150 г грчки јогурт или павлака
- 1 лажичка италијански зачин опционално
- 1-2 лажици сенф
- 1-2 лажици мед
- лук во прав, сол, бибер
Инструкции
- Загрејте ја рерната на 200°С.
- Ставете го корнфлексот во ќесичка и искршете го.
- Изматете го јајцето заедно со млекото и медот и сол и ставете го исеченото пилешко во смесата да поседи 5-10 мин.
- Потоа покријте ги парчињата едно по едно со смесата од корнфлекс и зачини и ставете ги на хартија за печење.
- Печете ги 30-40 мин на 200°С, зависи колку ќе бидат големи парчињата.
- Исечете ги додатоците за салатата.
- Измешајте ги состојките за дресингот.
- Сервирајте ја салатата.